Таг: ракометна репрезентација

Македонија потфрли против светскиот ракометен шампион

Репрезентацијата на Шпанија која влезе како апсолутен фаворит во нашата квалификациска група за европскиот шампионат во Данска, рутинирано и без никакви тешкотии славеше против нашиот национален тим со 17:24 во деби мечот на хрватскиот селекторот Ивица Обрван.

РФМ се одлучи за странски селектор

Хрватот Ивица Обрван е избран за нов предводник на машката ракометна репрезентација. Во конкуренција на четворица кандидати, Управниот одбор се одлучи нашите ракометари да ги води селектор од странство.

Советите на Звонко

„Нападот да заврши со шут", „Да се шутне да се клај гол", „Треба шутој на гол"... и останатите совети со непроценлива вредност на селекторот Звонко Шундовски.

Ракометен дебакл во Португалија

Се надевамве на победа за добрлижување до Европското првенство во Данска, а доживеавме дебакл. Ракометната репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Портигалија со 32:25.

Лесна победа на ракометарите против Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешен старт на квалификациите за Европското првенство во Данска. Во првото коло Македонија ја совлада Швајцарија со 30:24.

Ракометарите повторно против Данска

Денес во Мадрид се одржа извлекувањето на групи за Светското ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Шпанија. Македонија е во групата Б заедно со Данска, Исланд, Чиле, Русија и Катар.

До Данска преку Шпанија и Португалија

Македонската ракометна репрезентација на извлекувањето во Копенхаген ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство кое во 2014-та година ќе се одржи во Данска.

„Фаворитот“ поразен и од „аутсајдерот’“

Бледата сенка на ракометната репрезентација која пред само два месеци го освои петтото место на Европското првенство во Србија, на квалификациите за Олимписките игри заврши на последното место со 0 поени.

Шведска не разбуди од олимпискиот сон

Унгарците започнаа, а Швеѓаните целосно не разбудија од олимпискиот сон. Со ново потпросечно издание, македонската ракометна репрезентација беше поразена од Шведска и ги загуби шансите за пласман на Олимписките игри во Лондон.

Пораз на стартот. Унгарија - Македонија 28:26

Македонските ракометари не ги искористија исклучувањата на противникот и направија премногу грешки по што следеше старт на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон со пораз од Унгарија со 28:26.

Лондон виа Гетеборг

За прв пат во историјата на македонскиот спорт, нашата држава на Олимписките игри наместо со спортисти кои можата да се пребројат на една рака, има шанса да биде претставена од многубројна делегација. Визата за Лондон уште овој викенд преку Гетеборг можат да ја извадат ракометарите.