Таг: работнички права

Работата беше пат до подобар живот. Некогаш. Веќе не.

Вработување кое обезбедува раст на стандардот на живеење веќе е минато, денес патот до богатството води низ недвижности и пензија.

Светската банка предлага укинување на минималната плата

Намалување на регулацијата која ги штити работничките права е неопходен услов работниците да не станат прескапи па капиталистите да решат да тргнат кон нивна елиминација. Ова е последниот скандалозен предлог на институцијата задолжена за одржување на кредитното робовладетелство на најсиромашните земји во светот.

Амазон и правото на работникот да не моча во шише

Површината на едно складишта на Амазон во Британија е нешто повеќе од 65.000 метри квадратни. На таа површина, распоредена на четири ката, има работна сила од 1.200 луѓе и се на се 2 тоалети за сите овие вработени (на приземје), кои отприлика се оддалечени 10 минути одење пешки. А Амазон не простува 10 минути.

Зошто за текстилната индустрија е толку тешко да плаќа човечки плати?

Текстилните работници од Њу Делхи често пати опишуваат дека живеат во запуштени колиби „кои едвај одговараат за животни“. Шивачка од Мијанмар треба да бира дали ќе ги нахрани своите деца или ќе ги прати на училиште. Во Бангладеш шивачките работат над 100 часа неделно, и пак не можат да спојат „први со први“.

Европските работнички права удрија по Црниот петок

Во Америка работниците во малопродажба за Црниот петок се на нозе за да им отвораат врати на купувачите кои со крв во очите бараат да го најдат најголемиот попуст на вечерта. Во Европа работниците се на нозе за да им застанат на пат на мултинационалните компании на европско тло кои многу галантно во име на своите работници се откажаа од слободните денови на вработените.

Француски потег ала Иванов

Актуелните власти во Франција кои номинално се "социјалистички" досега повлекоа многу потези кои предизвикуваа гнев, особено кај оној дел од граѓаните кои би требало најмногу да ги штитат, работниците. Сепак, последниот потег би можел да го еруптира гневот и да ги сруши - спорниот закон околу кој со месеци се протестира, решија да го донесат со декрет.

Џо Хил - човекот без кого ќе ги немаше Дилан и Спрингстин

Радикален работнички активист, поет и музичар, Џозеф Хилстром, попознат како Џо Хил, повторно станува актуелен во контекст на кампањата на Берни Сандерс и неговата критика на капитализмот. И 101 година од неговата смрт пред стрелачки вод, класната нееднаквост и работничките права сè уште се актуелни теми.

Врзи ја апликацијата где ти газда каже

Дечково се одважил да покаже колку е добар, и се изгорел. И тоа токму од Фејсбук, фирмата која демек бара од вработените да бидат храбри и одважни.

Амазон стана преголем за да биде бојкотиран

"Ако го бојкотирам Амазон, каде на Менхетен ќе најдам бебешки пелени? Особено број 7?"