Таг: нфт

НФТ-то стана чисто ѓубре

Концептот на „абе сликичка е што секој може да ја има, ама твојата ќе биде оригинал“ ја има изгубено речиси целата своја вредност што ја имаше до пред некое време.

Новиот албум на „Мјуз“ ќе отвори нова категорија на топ листите

Последен пат нова категорија албуми на топ-листите беа оние кои можат да се слушнат на стриминг платформите. Од тогаш поминаа седум години. Сега таква категорија ќе станат и оние издадени како NFT или незаменливи токени.

Дејвид Кроненберг продава дигитална фотографија со камења од своите бубрези

Со децении ја шокира публиката со своите „боди хорор“ филмови. Но Кроненберг сега оди чекор понатаму со создавање уметност од делови од сопственото тело. Камчиња кои неговиот организам со години ги „вајал“ и направил да делуваат како морски суштества.

ЈПГ фајл само што е продаден за 69 милиони долари како уметничко дело

Продаденото дело се вика „Everydays — The First 5000 Days“ и е на Мајк Винкелман, на Инстаграм познат како @beeple_crap, и буквално е слика во .јпг фајл кој се разликува од сите други .јпг фајлови по тоа што е создадена како НФТ (nonfungible token / NFT).