Таг: мишел обама

Мишел ќе влегува од клупа?

Постои можност летово претседателот на САД, Џо Бајден, да се повлече од трката за изборите во ноември во корист на Мишел Обама, поранешната прва дама на САД, пишува германски Шпигел.

Мишел Обама би можела да биде идната претседателка на САД

Неименуван извор изјави дека во разговор со странски политичар, било спомнато дека нивната влада претпоставува дека Џо Бајден нема да биде кандидат на Демократите во 2024, пишува Тим Стенли во текстот за Телеграф. Џо ќе се повлече пред првите партиски избори, што ќе биде предоцна за во трка да влезе кандидат предложен од базата, па на конвенцијата ќе биде крунисан предлогот на естаблишментот. Кое е името на среќниот добитник? Мишел Обама.

Вечерта на Хилари на која многумина пожалија што не можат да гласаат за Мишел

Сандерс едвај ги смири гневните фанови, Мишел Обама одржа говор за во учебници по ораторство, исвиркана беше и Елизабет Ворен. Настапи Пол Сајмон (инаку фан на Берни), чија изведба на Bridge Over Troubled Water беше доста неубедлива па твитерџии искоментираа дека "Русите и него го хакнале". Епилог: Хилари е кандидатот на Демократите кој ќе треба да смисли начин како да го сопре Трамп.

Нема уште долго да се смееш

Обама во Тајланд на средба со премиерката Јинглук Шинаватра. И Мишел беше со него. Неколку месеци по посетата Шинаватра повеќе не е премиерка на земјата. Како пријателите да не можеле да ѝ кренат кога ги барала.

Обама си го јадел, брат

На следниве слики треба да го забележите стратешкото прераспределување на Мишел, и последователната капитулација на Барак. На сите ни е јасно дека вечерва некој ќе треба да се објаснува. П.С. Блондинката е премиерката на Данска.

Мишел го изгушка „Дрим-тимот“

Првата дама на САД, Мишел Обама им даде поддршка на кошаркарите, а по победата над Франција не ја пропушти приликата да ги изгушка и да им честита на сите поединечно.