Таг: минимализам

Се враќаме кон минималистичка убавина

Се случуваат забележливи промени во индустријата за убавина - трендовите вечно еволуираат и не сме на исто место каде што бевме ни пред пет години, па ни пред пет месеци.

Минималистички дом со чудни предмети

Манекенката Иди Кембел прави тура низ нејзиниот дом во Нортемптоншир и покажува неколку занимливи предмети по пат. 

Минимализам во 4 чекори

Иако доаѓа време на максимализам, а со минимализмот се претера, има моменти во животот кога може да помогне, чисто за расчистување на менталниот и физичкиот простор што не може да мрдне од хаос.

Крај (или адаптација) на минимализмот?

Минимализмот до неодамна беше гласна максима во дизајнот, уредувањето на домови и потрошувачката воопшто, со апели за воздржување од трупање и расчистување на вишоците. Сега со пандемијата ова (малку) се менува.

Ептен минималистички филмски постери

Кога е во прашање минимализмот, работата е колку далеку може да се оди, а пораката сепак да биде пренесена. После овие постери не знаеме што би можело да биде кажано повеќе. Пардон, помалку.

Како изгледа животот отарасен од предмети?

Книга на двајца пријатели кои еден ден решиле да си го постават прашањето: „Што ако се отарасуваш од еден предмет - само еден - од твојот живот, секој ден во месецот?“. Резултатот е толку добар, што наскоро почнуваш да размислуваш како да се ослободиш од сè што ти е товар. Вклучително и од напорни и лоши луѓе.

Екстремен минимализам

Полскиот дизајнер Михал Краснополски одлично ги илустрира темите од славните филмови, како Војна на ѕвездите или Супермен, користејќи само една „решетка" составена од круг внатре квадрат и дијагонални линии. Во светот на вербалното тоа му доаѓа како да раскажеш филм во три збора.

Mинималистичка наука

Индијскиот графички дизајнер Капил Багат пред неколку дена го одбележа Националниот ден на науката во неговата земја со серија минималистички постери, кои сликовито ги прикажуваат најважните научни откритија во историјата на науката.

Поп историја раскажана низ Лего

Во бројни домаќинства Лего коцките се основен градежен материјал на денот, без оглед дали со нив со саати се игра, или на некоја од нив се нагазува со боса нога.