Таг: македонско знаме

Брајант на уличен баскет со македонско знаме

Маја од Македонија објави слика од легендата и Трејси Мек Грејди пред 22 години во Париз после меч на Македонија.

Македонско знаме се вее на Олимписките Игри во Кореа

Македонија на Зимските Олимписки Игри ќе ја претставуваат 17-годишната Викторија Тодоровска во нордиско скијање (10 километри), 19 годишниот Ставре Јада во нордиско скијање (15 километри и спринт) и Антонио Ристевски во алпско скијање (слалом и велеслалом - трето негово учество на Олимписки Игри). Македонското знаме го носеше Ставре Јада.

Benevento fans Macedonia

Во недостиг на информации како нашево знаме завршило баш на оваа трибина во Италија, одиме со две претпоставки. Или се ова некои нашинци кои живеат таму и се загреале по дебитантот во Серија А кој не знае кај тера или па многу го почитуваат Никола Јакимовски.

Македонското знаме во салата на ЦСКА Москва

Не знаеме кој е или кои се, но заслужуваат почит за тоа што македонското знаме веќе неколку средби стои на ударно место во модерната сала “Мегаспорт“ каде игра гигантот ЦСКА Москва.