Таг: Легија Варшава

Син му на Зидан не е баш за голман

Лука Зидан, помладиот син на тренерот на Реал Мадрид брани за младинците на овој клуб. Но како брани, ништо чудно наскоро да го седнат на клупа. Минатата недела направи глупост, а и синоќа против Легија Варшава У17 прими неверојатно глупав гол.

Најнасилниот хулиган во Европа е од Варшава

Полските хулигани важат за едни од најопасните на континентот. Кога некоја екипа од оваа земја гостува во друга, полицијата знае дека ќе нема раат неколку дена. Билдаат, имаат сопствени кик-бокс клубови во кои се претвораат во прави животни и се страв и трепет за противниците.

Како Србин прави атмосфера во соблекувалната на Легија

Фудбалерите на Легија Варшава викендов го добија дербито на сезоната во Полска против најголемиот ривал Лех Познан со гол во 93-та минута. Асистент тренер им е Александар Вуковиќ, инаку соиграч на нашиот Панче Ќумбев во Легија од 2008-ма. И нивните навивачи кои се фанатици за фудбал сигурно се изненадени од тоа колку луда може да биде атмосферата во соблекувалната по завршувањето на големото дерби.

Двете лица на навивачите на Легија

Пољаците се враќаат во Лига на шампиони по пауза од 21 година и веднаш успеваат да го свртат вниманието. Најпрво со спекталурна кореографија во нивниот препознатлив стил, а потоа со тепачка со редарите, ама со спрејови.

Ондреј Ди Марија од Словачка

Главна ѕвезда на Словачка без сомнеж е Марек Хамшик, но најперспективен играч од оваа земја е 21-годишниот Ондреј Дуда од Легија Варшава. Дуда го даде единствениот гол за Словаците досега на ЕП.

Што ако сум линиски судија, знам со топка

Легија Варшава ја освои титулата во Полска, откако синоќа го победи Погон со 3:0, а главниот ривал Пјаст Гливице загуби дома 0:1 од Заглебје. Момент на мечот во Варшава беше линискиот судија Кухарчик кој покажа дел од умешноста со топка.

Како навивачите на Легија одат на стадион

Легија Варшава беше домаќин на финалето од Купот на Полска против Лех Познан кој го доби со 1:0 изминатиов викенд. За полските фанатици фудбалскиот празник во Варшава не почнува на стадион.

Пеколна увертира во Неапол

Вечерва играат Наполи и Легија Варшава, екипи кои ги имаат можеби најфанитичните навивачи во Лигата на Европа. Како резултат на тоа доцна синоќа на улиците на Неапол имало неколку тепачки.

Тричковски одличен во триумфот на Легија

Македонскиот репрезентативец одигра 84 минути за Легија Варшава во победата над данскиот Митјиланд. Полјаците имаат 6 бода и во последното коло во Неапол ќе бараат европска пролет.

Дортмунд се загуби во руската зима, Лацио убедлив

Фудбалерите на Кубан кои се мачеа со нашиот Работнички, денес го совладаа Дортмунд и како првопласирани во групата одат понатаму. Билбао славеше со пресврт против Аугзбург, Монако поразен од Андерлехт.

Шоу на навивачите на Легија за своја душа

Иако често ги прекршуваат правилата на УЕФА, навивачите на Легија Варшава каде игра македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, во пресрет на вечерашниот дуел од ЛЕ против Наполи, направија нова луда бакљада.

Тричковски загуби со Легија во Данска, реми на Ливерпул

Молде го направи најголемото изненадување во првото коло на Лига Европа, откако со 1-2 го победи Фенербахче во Истанбул. Иван Тричковски одигра 20 минути за Легија Варшава во поразот од Митдјиланд

Навивачка војна на Мајдан во Киев

Во пресрет на мечот Зорја - Легија Варшава од плејофот за Лигата на Европа, на плоштадот Мајдан во Киев, навивачите на Легија Варшава се судриле со навивачи на Динамо Киев и Днипро кои се збратимени. Пред почетокот не мечот, полицијата уапсила 67 навивачи на Днипро во киевското метро.

Нема дрон има камен, прекинат меч во Тирана

Мечот меѓу Кукуши Тирана и Легија Варшава е прекинат во 51. минута откако гостинскиот фудбалер Андреј Дуда бил погоден со камен во глава.

Фешта за шампионот на Полска

Тимот на Лех Познан по седми пат во својата историја ја освои титулата во Полска. Лех во последното коло ја совлада Висла со 2:0 и ја сочува предноста пред лутиот ривал Легија Варшава. Домашните навивачи направија фантастична кореографија зачинета со многу бакљи.

Предизвик за Балотели

Во дерби натпреварот од полското првенство, меѓу Легија Варшава и Лех Познан (2-2), Бразилецот Доса Жуниор му направи бицепс-предизвик на Супер Марио, кој е познат по ваквите прослави на гол. 

Фудбалот не е важен, туку парите

По вчерашниот триумф над Актобе од Казахстан, фудбалерите на Легија мораа да се задоволат со пласман во Лига Европа. Но навивачите не можат да ја прежалат казната од УЕФА која ги исфрли од квалификациите за ЛШ, поради тоа на реваншот против Селтик влезе фудбалер кој немаше право на настап. Пољаците имаа вкупни 6:1 против Селтик во третото квалификациско коло, но не заиграа во плејофот од најелитното клупско европско натпреварување.

Четири минути ја чинат Легија Варшава елиминација од ЛШ

Полскиот претставник е исфрлен од квалификациите за ЛШ, поради тоа што во претходното коло против Селтик, во Глазгов настапил играч кој не бил претходно регистриран.

УЕФА казнува за фонт на знаме и сомнителни тетоважи

До каде ќе оди лудоста на УЕФА и нивното „покажување на заби" на клубовите од истокот? Полскиот клуб Легија Варшава заработи казна заради сомнителен фонт на една буква од транспарент, како и нацистички тетоважи на навивачите.

Пољаците не го потценуваат купот

Освојувањето на националниот Куп не се смета за некој голем дострел, но така не мислат навивачите на Легија Варшава кои направија кореографија за паметење на финалниот меч против Сласк. Домаќините загубија со 1:0 пред својата фантастична публика, но поради победата од 2:0 на првиот дуел, на крајот го подиграа пехарот, вкупно 16ти. Сите претходни титули навивачите ги одбележаа со годините на освојување.

Што е со видот на судиите?

На кардиналните грешки на делителите на правдата изгледа дека им нема крај. Откако судиската четворка УЕФА пред неколку години ја засили со уште двајца арбитри, и тоа не помогна. Евидентните погрешни судиски одлуки честопати директно влијаат на конечниот резултат на мечот.