Таг: лампард

Крис Смолинг во Гинисовата книга на рекорди

Не се изненадивме што Кристијано Роналдо, Френк Лампард и Жозе Мурињо ги има на неколку места во Гинисовата книга на рекорди. Нас не изненади Крис Смолинг таму.

Лампард им купи карти на 20 британски студенти во Њујорк

Поранешната ѕвезда на Челси поради повреда сè уште нема дебитирано за Њујорк, но ако човек налета на него на улица и го праша за карти тој може да добие веднаш, со пари од негов џеб.

Како Реднап му баеше на Френк Лампард

Хари Реднап важи за еден од најомилените тренери во Англија. Како тренер на Вест Хем во минатото откри неколку таленти, а во 1999. година на голема врата го најави и тогаш анонимниот Лампард кој играше за Чеканите од Лондон.

Погоди ги фудбалериве

Сите ги знаете ама кога ќе ги погледнете сега нема сите да ги знаете. Ние одевме еден по еден, се испонамачивме и не препознавме ниту половина од нив.

Кака и Виља спремни, стартува сокерот во САД

Ноќта меѓу петок и сабота почнува 20-то издание на МЛС, фудбалската лига на САД, која никогаш не била со повеќе ѕвезди како денес.

Големината на Френки Лампард

Фудбалерот на Манчестер Сити го прославува секој гол со кренати раце кон небото, во чест на неговата мајка која почина пред некоја година од рак. Некогашниот англиски репрезентативец вчера по дуелот со Стоук направи гест, со кој “ја купи“ целата англиска јавност.

Лампард останува во Манчестер Сити до март

Откако даде шест и намести два гола од август, Френк Лампард игра сè поважна улога во Манчестер Сити, по што клубот реши уште да го држи на позајмица. Јаја Туре нема да игра во јануари, затоа што мора да оди на Купот на Африка со Брегот на Слоновата Коска.

Мини Меси вечерва ќе дебитира за Манчестер Сити

Младиот Хозе Анхел Поцо, кој на „Етихад" дојде од Реал Мадрид во 2012-та година вечерва за прв пат ќе заигра во првиот состав на „граѓаните".

Голот на Лампард донесе рекорд, но и смрт

Поранешната икона на Челси си замина од Премиер лигата, после склоп на околности се врати, облече друг дрес и постигна гол против своите со кои се растажи самиот, своите навивачи, но “предизвика“ и смртен случај.

Кога парите се поважни од верноста кон клубот

Френк Лампард си замина од Премиер лигата како легенда на Челси каде одигра 13 сезони. Но до американската авантура која поради паузата во МЛС лигата ќе му почне наредната година, скршна по друг пат кој го врати на островот во тимот на Манчестер Сити. За такви случаи навивачите не простуваат.

Америка последна дестинација за фудбалските ѕвезди

Ландон Донован и Дејвид Бекам не се единствените фудбалери за кој сте чуле дека заиграле во земјата на кошарката и бејзболот. МЛС лигата секое лето добива по некоја нова фудбалска ѕвезда, а последните двајца пристигнаа од Челси и Атлетико Мадрид.

Ветераните најпопуларни на пазарот

Играчите кои се на залезот на својата кариера и кои ја надминаа 30 година од својот живот се имињата кои најчесто се вртат во медиумите како трансфери кои ќе го одбележат јануарскиот преоден рок.