Голот на Лампард донесе рекорд, но и смрт

Поранешната икона на Челси си замина од Премиер лигата, после склоп на околности се врати, облече друг дрес и постигна гол против своите со кои се растажи самиот, своите навивачи, но “предизвика“ и смртен случај.

Само 12 минути го делеа тимот на Мурињо од голема победа на гости против Манчестер Сити, но измената на Мануел Пелегрини во 78 минуга целосно ги смени настаните на теренот. На местото на Давид Силва, влезе Френк Лампард кој го израмни резултатот и воопшто не се израдува.

Со тој погодок Лампард стана првиот фудбалер кој успеал да постигне гол против 39 екипи во Премиер лигата. 36 годишниот веќе пензиониран член на Англиската репрезентација го мина Енди Кол кој имаше совладано 38 тимови од најелитната англиска лига.

Лампард си замина од Челси како најдобар стрелец во историјата на клубот со 211 погодоци на сите натпреварувања. Со голот против поранешниот свој клуб, тој сега има 172 голови во Премиер лига, само три помалку од Руни и Анри кои се на делба на третата и четвртата позиција на најдобри стрелци.

„Ова е навистина многу тешко за мене. Немаше да бидам професионалец ако не си ја завршев работата. Кога се разбудив утрово не знаев како посакувам да заврши овој меч“, изјави Лампард по завршувањето на средбата.

Голот на Лампард најмногу го погоди 24 годишниот Фахан Мусана, голем фан на Челси кој настапува како аматерски фудбалер во Уганда. Тој не успеал да преживее инфаркт во моментот кога неговиот клуб го загубил водството.

„Трениравме заедно утрото, а потоа ручавме. Прво го гледавме натпреварот помеѓу Лестер и Манчестер Јунајтед, а потоа го следевме Челси, неговиот омилен клуб“, изјавил еден од неговите соиграчи. 

Потврда дека се било во ред со него на тренингот, стигна и од неговиот тренер, но во моментот на израмнувањето на Лампард, Мусана паднал на земја, а лекарите потоа констатирале смрт од срцев удар.

22 септември 2014 - 17:20