Таг: квалификации за мундијал 2018

Најсмешниот црвен картон сезонава го доби Џеко

Мечот Грција - Босна и Херцеговина од квалификациите за СП 2018 заврши 1:1 а пред крајот играчите беа многу нервозни. Гостите поведоа со 0:1 благодарение на евроголот на Миралем Пјаниќ во првото полувреме, а Грците се извадија во 95’ минута преку Цавелас.

Според АС, Барди и Бабунски во првите 11 вечерва

Реномираниот шпански портал АС ги објави можните состави за вечерашниот дуел меѓу Шпанија и Македонија од 20:45 во Гранада. Столе Димитриевски ќе застане на голот, напред Несторовски и Пандев.

Мосад осуетил терористички напад врз фудбалерите во Албанија

Албанецот од Косово Лавдрим Мухаџери кој се смета за еден од командантите во терористичката организација ИСИС планирал напад врз израелските фудбалери на мечот во Албанија.

Бесплатен доручек зошто Кун и Пипита не дадоа гол

Во текот на денот пред мечот со најлутиот ривал Аргентина, локал во Бело Хоризонте нудел бесплатна ужина следниот ден во случај Серхио Агуеро и Гонзало Игуаин да не му дадат гол на Бразил. Така и бидна.

Несторовски нема да војува со Пике и Рамос

Од 112 меча од кога Пике дебитираше за Шпанија, само три пати на списокот не биле заедно со Серхио Рамос. Во Гранада Несторовски, Пандев и напаѓачите ќе се надмудруваат со Бартра, Начо, Хуанфран, Ињиго Мартинез и Азпиликуета.

Против Шпанија со осум фудбалери кои се пласираа на ЕП 2017

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски направи одличен потег во пресрет на тешкото гостување во квалификациите. Ќе им даде шанса на дури осуммина играчи од У21 кои на 11 октомври испишаа историја во македонскиот фудбал.

Кога сме веќе кај головите на Сан Марино

Фудбалската репрезентација на Сан Марино е 201. на ранг листата на ФИФА. Во својата историја, оваа селекција даде по некој гол а сè друго беа пораз, пораз, пораз, пораз, пораз и пораз. Последниот гол, прв после 15 години го прославија урнебесно.

На мечот Венецуела - Бразил настана тотална темница

Секој гостински натпревар за Јужно-американските репрезентации е ризичен затоа што на овој континент фудбалот неретко го гледаат како прашање на живот или смрт. Во една таква ситуација да водиш 0:2 на гости и да снема струја на стадионот не е баш пријатно.

Иранците да се молат, наместо да навиваат

Иран и Јужна Кореа попладнево играат многу важен меч во борбата за пласман на Светското 2018-та. На Иранците им паѓа голем верски празник, па властите побарале од сите присутни навивачи да се молат и да тагуваат, наместо еуфорично да навиваат.

Идеалистот Тите кој го враќа шмекот на Бразил

Пред неколку недели, новинарите го прашале новиот селектор на Бразил, дали би сакал да го има шампионскиот состав од 1994. или оној од 1982 кој загубил од Италија и не влегол во полуфинале. Се одлучил за вторите а еве и зошто.

Зошто Велс се слика чудно?

Една од двете најпријатни репрезентации на Европското, во последно време решава на фотографијата пред мечот да се слика нестандардно и наместо пет играчи во едниот ред, а шест во другиот, Велшаните имаат тројца горе кои стојат а другите осум се долу. Кога новинарите го прашале Бејл зошто така, им одговорил: ’Навистина не знам за што зборувате’.

Пречката на Несторовски уште се тресе

Македонија борбена, храбра и недоволно среќна да ѝ го земе скалпот на репрезентацијата која цели 10 години нема пораз во квалификации за Светско или Европско првенство. Нашите се надигруваа, создаваа шанси, даваа голови, но на крајот останаа без бод(ови).

Храбра игра на Македонија, Италија се извади во 92 минута

Македонската фудбалска репрезентација беше на чекор до сензација против најтрофејната фудбалска земја која некогаш гостувала на Филип Втори. Момците на Ангеловски заслужуваат честитки за играта, но одбраната не издржа и од водство за 2:1, на крај загубивме.

Фактите зад најуспешната фудбалска земја Италија

Жозе Мурињо во една прилика изјави дека во Италија сите се прават тренери, а тоа е само еден показател за нивната посебна страст за фудбалот, тема за која се зборува во секое ќоше. На Филип Втори ќе брани човекот со најмногу настапи во историјата на својата земја.

Генерацијата која последна ја победи Италија сега е во пензија

Во Скопје доаѓа четирикратен светски и еднократен европски и олимписки првак. Италија на „Филип Втори“ ќе истрча како селекција која нема пораз во квалификации за СП или ЕП цели 3685 дена или 51 натпревар!

Полиција го бркаше Валенсија по теренот за неплатена алиментација

Јужноамериканските квалификации за Светско првенство или за Копа Америка редовно ни носат убави голови, добри дриблинзи и фешти од трибините. Од Еквадор денес стигна видео како полиција трча по најдобриот играч на оваа земја кој глумел повреда во амбулантно возило.

Пеле’ не доаѓа во Скопје поради лошиот гест со Вентура

За селекторот на Италија, Џампјеро Вентура пишавме дека важи за мирољубив човек кој ретко влегува во конфликт. Но тоа не значи дека играчите можат да му се качат на глава. Синоќа на дербито против Шпанија Грацијано Пеле’ одби да се поздрави со Вентура, поради што е избркан од составот.

Има и полошо од нас, Кина загуби од Сирија

Група незадоволни кинески навивачи изглеле на улиците и барале оставка од претседателот на фудбалската федерација на Кина после тешкиот пораз од земјата во која 5 години непрестано се војува и е целосно разружена.

ФИФА каде ви е гол-технологијата во квалификациите за Светско?

Додека на Филип Втори синоќа во 95-та минута стоевме на нозе во исчекувањето Јаховиќ со гол од пенал да ја спаси Македонија од пораз, во Исланд во истата минута драмата беше бетер.

Јаховиќ промаши пенал и бод во 95-та минута

Во второто квалификациско коло за СП 2018, Македонија вечерва во Скопје загуби од Израел 1:2. Нашите создадоа многу шанси, играа отворен фудбал, промашија пенал и повторно загубија како во Скадар. На крајот аплаузи за играта.

Головите на Италија и Шпанија не доаѓаат од нападот

За Игор Ангеловски следниве статистички податоци може да бидат корисни. Нашите два следни противника во квалификациите (Италија на 9-ти октомври и Шпанија на 12-ти ноември) кријат двајца незгодни стрелци меѓу играчите од среден ред.

Кој е чичкото што ќе ја води Италија во Скопје?

Со скромно портфолио зад себе, Џампјеро Вентура на 68 години го досонува сонот и стана селектор на Аѕурите. Важи за мачо мен кој има либерални сфаќања и не знае да фрла шишиња вода во соблекувалната. Се ожени летово за 28 години помлада жена.

Ако не можат Реина и Де Хеа, може Мората

Фудбалерот на Реал Мадрид Алваро Мората на подготовките на шпанската репрезентација покажа дека селекторот Лопетеги комотно може да смета на него ако Де Хеа, Касиљас или Кико Касиља не се во форма. Се фрлаше како мачка.

Имаше ли пенал за Македонија?

Нашите репрезентативци имаа огромна шанса за 2:2 во 92-та минута, но турскиот судија реши да не свирне пенал при оваа спорна ситуација откако Ванче Шиков беше соборен.