Таг: колумни

Кога Вислава Шимборска пишувала анонимна колумна со совети

„Како да почнеш да пишуваш (а потоа да престанеш)“, е нова збирка колумни кои нобеловката Шимборска ја пишувала за полско списание цели 21 година. Англиското издание се очекува да излезе на 5 октомври, а ќе биде илустрирано со нејзини цртежи и колажи.

Колумнистот Борис Џонсон и неговата плата

Човекот што ја извади Британија од ЕУ, па стана министер за надворешни работи на истата обезевропена Британија, пред некое време повторно е ангажиран за колумнист во Дејли Телеграф... за хонорар од 275.000 фунти годишно.

Колумнизмот на Владимир Путин

Конзервативците бесни што Њујорк Тајмс отстапил место на руски претседател да им соли памет за Сирија. А Путин одамна им фрла коски на западните медиуми кои овие со задоволство ги објавуваат. Што да се прави кога човекот пишува добро.

Писмена работа: Што правиме со Сирија

Воениот удар на Сирија е одложен колку на Камерон да му се даде фора да си среди по дома. Машинеријата бревта врз основа на многу јак доказ, слушнале телефонски разговор, Израелци им го пренеле. Во меѓувреме, луѓе си пишуваат што мислат дека треба да се прави таму. Имаме фин избор од 6 различни гледишта на ситуацијата.