Таг: голман

Интересната кариера на новиот голман на Челси

Кај Хаверц и Тимо Вернер се топ, светска класа играчи. Но навивачите на Челси цело лето чекаа еден друг трансфер - клубот да им подари нов голман кој би можел да го замени Кепа Аризабалага на голот. Абрамович им ја исполни и таа желба.

Се дава ли на голман да изведе слободен во 40-та минута?

Ако го прашате тренерот на бразилскиот прволигаш Атлетико Гоијаенсе, се дава. Жан Пауло Фернандез Фиљо го реши мечот Бахија - Атлетико Гојаниенсе со гол по одбиена топка од слободен удар кој самиот тој го изведе. Конечни 0-1 и три бода во џеб за гостите.

Судија три пати повторуваше пенал, голман три пати бранеше

Лион немаше претставник само во полуфиналето на Лига на шампиони. Младинците на овој клуб играа во 1/4 финале на младинската лига на УЕФА и изгубија 4-3 од Салцбург. Голманот на австрискиот тим младиот Даниел Антош беше јунак на мечот зошто одбрани дури 3 повторени пенали кои ги изведе еден ист играч.

Не за џабе е кажано брани ко мачка

Знаеме дека била дива или питома, мачката не го губи инстинктот на ловец, ама кој би рекол дека има рефлекси ала Мануел Ноер и Џиџи Буфон?

Лудиот голман Чилаверт кој во '99-та постигна хет-трик на еден меч

Најдобар стрелец меѓу голманите во историјата е легендарниот бразилски голман Рожерио Сени. Тој постигнал 132 погодоци а негов прв следбеник беше лудиот Хозе Луис Чилаверт кој даде 62 гола.

Легендарниот турски голман Рушту Реџбер е позитивен и се бори за живот

Поранешниот голман на Турција, на Фенербахче и Барселона Рушту Реџбер е заразен со коронавирус и се наоѓа во тешка состојба, објави жена му. Турскиот лист Милијет пишувал дека на некогашниот голман коронавирусот наводно му го пренела сопругата која скоро се вратила од САД.

Рецептот за најдобар тренинг за голман

Паркиран џипот на тренерот позади него, па не смее топка да помине. Нема да се фрла? Ќе скока и ќе праша има ли уште.

Да се навратиме на голманите на кратко

Кога тврдиме дека за голман стварно треба да имаш посебна „дарба“ и дека не секој може да стане голман, тоа и го мислиме.

Да си голман треба стварно да си малку полуд

Сем Бисант, голман на нисколигашот Хемел Хемпстид Таун. Му шутираат од пола терен, топката оди 30 метри од него, ама тој битно се фрли да се осигура дека нема да влезе.

Луда завршница во Турција каква што никогаш немало

Нови правила за голманските дејствија има во многу спортови. За оние кои не знаат, од минатото лето при ударот од 11 метри (пенал), голманот мора да остане со едната нога на линијата до самиот удар (народски не смее да излагува со двете нозе).

Голман ова треба да ти прејде во навика

Чуварот на мрежата на мексиканскиот Чивас Гвадалахара Хозе Антонио Родригез даде гол буквално од своето поле со дегажман каков што не се гледа секој викенд. На крај неговите победија 3-1.

А не му е првпат

Се вика Вуилкер Фарињез, има 21 година и брани за репрезентацијата на Венецуела и клубот Милионариос во Колумбија. Фарињез правеше чуда на мечот од Копа Америка против Перу и е најзаслужен за бодот на неговата селекција.

Најдобрата мачка-голман на светот

Навивач на Јувентус решава да ја снима својата домашна мачка за која некој второ или третолигаш би требало сериозно да размисли да ѝ понуди договор.

Судбината на Чех да брани против клубот кој го лансираше и на кој му најде голман

Арсенал даде гол во 3’ минута на гостувањето кај Рен и потоа прими три од клубот со кој голманот на „топџиите“ е многу приврзан.

Добар голман е пола тим, прашајте во Дортмунд

По цели 7 години од последната титула во Бундеслигата (2011/12), Борусија Дортмунд е на добар пат да се радува на „салатарата“ и да стане шампион на Германија. По 20 одиграни кола, „милионерите“ имаат 15 победи, 4 нерешени и 1 пораз и со 49 се први на табелата. Меѓу најзаслужните за одличната сезона на Дортмунд е швајцарскиот голман Роман Бурки.

Што рака ќе имаше голманов на Иран

Алиреза Бејранванд, голманот на Иран има фасцинантна животна приказна. Неговата способност да фрла топка како каменче се должи на тоа што како мал бил добар во Дал Паран - традиционална иранска игра во која победува тој што ќе фрли камен најдалеку. Чесно е да се каже дека тоа многу му помогнало.

Голмански азил на денот

Се вика Костел Пантилимон, голман кој на млади години од Романија отиде во богатиот Манчестер Сити, па се ашкаше на позајмици по неколку клубови за да на крај се скраси во Нотингем Форест. Една негова реакција многу нè изнасмеа.

Израел против Албанија имаше голман-играч

Се вика Ариел Харуш и брани за изралски Хапоел Бер Шева. Синоќа против Албанија во Лига на нации прво направи неверојатна парада и спаси чист гол, а после неколку секунди му асистира за гол на шпицот Томер Хемед. На крајот Израел победи 2:0 и со 6 бода се осамостои во група 1 од Лига Ц.

Брани, а е подобар стрелец од Роналдо, Санчез и Фирмино заедно

По околу еден месец од стартот на најсилните европски лиги, Меси, Бензема, Нејмар, и Мбапе решетаат со по 4 гола, но има ликови кои уште не можат да погодат, како на пример Кристијано Роналдо кој треба да учи од еден голман, деветтолигаш.

Руи Патрисио ја одбра 11-та, а единицата ја остави на голманот кој победи леукемија

Агентот на Кристијано Роналдо и на стотици други фудбалери, Жорже Мендеш неодамна реши својата империја да ја продолжи и во Англија.

Неверојатна одбрана во данското првенство

Голманот на Оденсе, Стен Гритебуст на мечот со Копенхаген ја имаше можеби одбраната на сезоната.

Тешката судбина на хрватскиот голман Данијел Субашиќ

Меѓу бројните животни приказни на дел од хрватските фудбалери, онаа на нивниот голман кој им го трасираше патот до финалето на Светското првенство, можеби е најболна.

Рускиот селектор бил смешен голман на времето

Бранел на времето за Спартак и Ломотив Москва како и за Динамо Дрезден и австрискиот Тирол. Пред да стане селектор на Русија беше тренер на Спартак Москва и на полска Легија Варшава. А како бранел подобро и да не бранел.

Бразилски голман преку телевизија дозна дека оди на Светско

Се вика Касио. Има 30 години и брани за славниот Коринтијанс. Со неговите најблиски во луксузниот дом во Сао Пауло на телевизија дознава дека ќе биде трет голман на Бразил на Мундијалот во Русија и полудуваат од среќа.