Таг: фергусон немири 2014

Против општонародна одбрана и заштита

Минатата година ова време во Фергусон, Мисури, беше убиен Мајкл Браун. Браун беше црно момче, убиецот беше бел полицаец. Ова последователно доведе до немири, немирите до пљачкосување и уништување на продавници, што речиси и да немаше некоја продавница која беше помилувана. Годинава сопствениците на уништените продавници подготвени ја дочекаа годишнината од убиството на Браун и очекуваните немири.

Приказната на полицаецот Дарен Вилсон

Полицаецот што на 9-ти август го застрела 18-годишниот Мајкл Браун, се до неделава немаше дадено никаква изјава за инцидентот. Во понеделникот, беше објавена неговата верзија на настанот. Коментарот на приказната е "... ова е неверојатно. Мислам, во буквална смисла на терминот: 'тешка и невозможна за верување.'"

Кога белци прават нереди за глупости

Иако белата страна на Америка од чиста политичка коректност генерално се прави дека го разбира гневот на црнците во Фергусон и околу Фергусон, главниот издувен вентил за нивното незадоволство е - аман не бидете дивјаци и да кршите кај што ќе стигнете.

Сметката за ќотекот во Фергусон

Заради користење сила при апсењe, користење солзавец и гумени куршуми, и сето тоа непотребно и со претерување, полицијата на Фергусон доби тужба од 41,5 милиони долари за прекршување на човековите права.

Ангелите на Њујорк Тајмс

Весникот вчера објавува профил за 18-годишниот Мајкл Браун. Обидувајќи се да направи понијансирана слика за него, Тајмс успева само да го навлече гневот на сите, откако опишува дека момчето "не било ангел," формулација што низ историјата ја имаат неколку пати искористено. На пример за Ромел.

Фергусон виа Џон Оливер

Ние ја фативме темата од некаде, Оливер ја обработува од почеток и после продолжува со тоа како полиција во мирен град сред Америка од едвај неколку илјади луѓе, има оклопни возила создадени за вонредни ситуации сред Кабул.

Како Американците би пренесувале ако Фергусон се случеше во друга држава

Кинеските и руските функционери предупредуваат за потенцијална хуманитарна криза во мирната американска провинција Мисури, каде прастарите локални тензии зовреа во директно насилство.

Наѕирање во црнечкиот гнев во Фергусон

Полицијата која управува со Феругсон е 94% белци, во град каде што 67% од населението се црнци, сооднос кој сам по себе не мора да одлучува ништо, се додека не фатиш да анализираш како работеле.

Воената опрема на полицијата во Фергусон

Уште пред протестите околу убиството на 18-годишниот црнец, полицијата на Фергусон и Сент Луис, добија опрема од "1033" програмата на Пентагон, со која на американската полиција и се доделува претходно користена воена опрема.

Што се случува во Фергусон?

Веќе 5-ти ден на улиците Фергусон, Мисури, се одвиваат сериозни протести кои започнаа откако во саботата полицијата го уби ненаоружаниот 18-годишен црнец, Мајкл Браун. Вчера вечерта Фергусон изгледаше како сцена од најновата американска инвазија низ светот.