Сметката за ќотекот во Фергусон

Заради користење сила при апсењe, користење солзавец и гумени куршуми, и сето тоа непотребно и со претерување, полицијата на Фергусон доби тужба од 41,5 милиони долари за прекршување на човековите права.

Тужителите ги бараат парите од локалната и сојузната полиција, нивните началници и поголем број на неименувани полицајци.

Полицајците се тужени по основа на незаконско апсење и користење на воена сила во периодот од 10-ти до 13-ти август.

Меѓу тужителите се мајка и нејзиниот син кои биле уапсени во МекДоналдс откако претходно учествувале во мирен протест. Според тужбата, полицијата упаднала во ресторанот, и им наредила на сите да излезат, кога жената се обидела да им објасни дека синот и е во тоалет и го чека, полицијата ја уапсила затоа што не престанувала да збори.

Друг тужител објаснува како бил нападнат и уапсен дека ја посетувал мајка му, која живее во близина на местото на протестите. Кога ја заобиколил барикадата, тој бил опкружен од 8 полицајци кои во него пукале со гумени куршуми.

Во тужбата се наведни и повеќе случаи на користење "расистички епитети" од страна на полицијата или шутирање на демонстрантите за време на апсењето.

29 август 2014 - 10:56