Таг: фелш

Тимур Дибиров во тенис

Ѓоковиќ има 15 Грен слем титули, Надал 17, Федерер 20. Ако трофеите случајно не им се повеќе предизвик, еве им нека го вежбаат ова. Фасцинантен потег и поен на Американецот Денис Новиков.

Додавање за медал

Убедливо најдоброто додавање на колото во Премиер лига и пошироко се случи на мечот Њукасл - Лестер. Надворешен фелш за сите пари. М-а-ј-с-т-о-р-с-к-и.

Гол со нереална траекторија во Уругвај

Во 52. минута од мечот со Национал, 23-годишниот стопер на Расинг, Хесус Триндаде постигна крајно чуден гол со неверојатно ефе.

Еден од најдобрите фелш удари во Купот на УЕФА

Напишавме Куп на УЕФА по старо бидејќи се работи за 2001/2002,сезона во која полуфиналињата не беа воопшто за потценување: Милан - Борусија Дортмунд и Феенорд - Интер и потоа финале Феенорд - Борусија 3:2. Холанѓаните тогаш имаа страшен напад со Пјер ван Хојдонк, Јон Дал Томасон и Робин Ван Перси.

Сте го виделе ли најчудниот фелш во историјата?

Бидејќи лека полека наближува месец јануари кога ФИФА ќе дели признанија за најдобрите, не смее да го заборави овој гол на Фаиз Субри од Малезија кој мора да влезе во тесна конкуренција за Пушкаш награда. И да, Роберто Карлос не ја сруши физиката, туку Субри.

Колку може фелшот да биде незгоден

Не зборуваме за фудбал, туку за пинг понг потег кој заслужува рипит и каков што немаме видено.

Гол со фелш, ама ептен фелш

И да го направеше ова некој мајстор од Барса или Баерн ќе го издвоевме, а не па детево кое игра во близина на некоја шума.

Најдобрите 20 голови со ефе

Легендарниот гол на Роберто Карлос не е единствен таков во историјата. Голови со големо ефе кога топката фаќа кривина паѓаа во неколку фудбалски шампионати во светот.

Бразилецот кој ја сруши физиката

Гералдо Дутра Переира настапуваше во Мексико, Катар, Бразил, а ги носеше и дресовите на Порто и ПСЖ. Повредата го натера да се повлече од фудбалот на 30 години во 93-та, а кој знае уште што друго ќе оставеше во наследство ако играше и во најзрелите години. 

Мајсторија со надворешен фелш

Ретки се затоа што се многу тешки за давање. Давид Нагент од англискиот второлигаш Лестер ја прати во горниот агол и тоа со удар надвор од шеснаесетникот.