Еден од најдобрите фелш удари во Купот на УЕФА

Напишавме Куп на УЕФА по старо бидејќи се работи за 2001/2002,сезона во која полуфиналињата не беа воопшто за потценување: Милан - Борусија Дортмунд и Феенорд - Интер и потоа финале Феенорд - Борусија 3:2. Холанѓаните тогаш имаа страшен напад со Пјер ван Хојдонк, Јон Дал Томасон и Робин Ван Перси.

Се потсетуваме на ремек делото на Хојдонк од мечот со Фрајбург на кое треба аплауз да даде и Михајловиќ.

Хајлатс од тој меч

Инаку холандскиот напаѓач се пензионираше како играч на Феенорд во 2007-ма и сега е ангажиран како фудбалски критичар на холандска тв.

7 декември 2016 - 14:48