Таг: Евгениј Пригожин

Како Патрушев го елиминираше Пригожин

Ембраер легаси 600 авионот на Пригожин, лета околу 30 минути на висина од околу 28.000 стапки, пред да биде активиран експлозивот кој претходно на аеродромот во Москва беше поставен под крилото на авионот. Загинуваат сите 10 луѓе во авионот, вклучително и Пригожин.

Фирмата на Пригожин ќе остане без тендерот за хранење на руската војска

Пред да го има Вагнер, Пригожин имаше компанија која беше задолжена за кетеринг на целата руска војска. Деновиве тој договор ќе биде предвремено згаснат.

Авионот на Пригожин нема да биде вештачен по меѓународни правила

Авионот во кој загина Пригожин е од бразилско производство и по таа основа бразилски тим истражители треба да учествува во анализата на несреќата. По основа дека не се заинтересирани за какви било странци да им се појават, Русија го информираше Бразил дека нема потреба никого да праќа.

Путин бил парализиран во првите часови од бунтот на Пригожин

Утрото на 24 јуни кога Ростов веќе падна под управа на Пригожин и неговите борци, во Москва Путин бил парализиран и не можел да делува, ги пренесува Вашингтон пост изјавите на украински и останати европски безбедносни функционери. Како поткрепа за тврдењето тие наведуваат дека во најголемиот дел од денот не биле издадени никаква наредби.

Русите го уапсија Суровикин?

Еден од замениците на Герасимов на украинскиот фронт, а едно време и главен руски командант на целосната специјална операција, генерал Сергеј Суровикин е уапсен од руските власти заради соработка со Пригожин.

Уште некој ден и ќе биде како Пригожин никогаш да не тргнал со војска на Москва

На вториот работен ден по обидот за вооружен преврат на цела или дел од руската влада, руските власти објавија дека се откажуваат од сите кривични обвиненија против лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Проблемот со навивањето за Пригожин

Бунтот на лидерот на Вагнер против руската војска беше шок за голем дел од светот, но не и изненадување. Пригожин долго време го сметаат за насилен и неконтролиран играч во конфликтот на Путин со Украина.

Од канцеларијата на Пригожин

Во саботата руските безбедносни служби упаднаа во седиштето на Вагнер во Санкт Петербург, па потоа истите овие безбедносни служби објавија што нашле во канцелариите. На страна главниот плен од околу 4 милијарди рубљи во картонски кутии (47 милиони долари), кај Пригожин во канцеларија имало и други интересни сувенири.

Пригожин се закани со повлекување од Бахмут на 10 мај

Откако сподели видео како оди меѓу десетици лешови на тазе загинати борци на Вагнер во Бахмут, основачот на организацијата му порача на руското министерство за одбрана дека неговите борци ќе го напуштат градот на 10 мај, доколку не почнат да ја добиваат неопходната поддршка, главно во муниција.

Претседателот Евгениј Пригожин?

Во војната против Украина, по своето присуство и гласност во медиумите се истакнуваат двајца Руси. Медведев, кој се радикализираше и смета дека Русија треба да продолжи со својата „операција“ и вон Украина, и Пригожин, човекот без функција, но со приватна армија, кој се дрзна отворено да ја критикува руската армија. Медведев некако природно е доживеан како наследник на Путин, Пригожин не.

Руската војска престанала да го снабдува Вагнер со муниција

Основачот на Вагнер групата обвини неименувани руски воени функционери дека одбиваат да им испорачаат на борците на Вагнер доволно муниција како последица на ривалството меѓу него и дел од руската елита.

Готвачот на Путин призна мешање во американските избори

Бизнисменот со почесна титула „Готвачот на Путин“ и основач и сопственик на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, е првиот руски државјанин официјално обвинет од Вашингтон кој призна дека се мешал во американските избори 2016, и порача дека и понатаму ќе се меша.

Која е Групата Вагнер?

Србите ги нарекуваат „Руските витези“, имаат „работено“ од Украина до Сирија, од Либија до Венецуeла , властите на Мали ги ангажира затоа што претходно секаде каде што стапнале завршиле работа, а според западните медиуми станува збор за руски платеници со директен пристап до самиот врв на руската власт.

Готвачот на Путин

Човекот кој ги организира вечерите на Путин со лидери како Џорџ Буш помладиот, на своето резиме има и раководење со некои од најексклузивните ресторани во Русија, како и раководење со Агенцијата за истражување на интернет, исто така позната и како „фабрика за тролови“ која се вмеша во американските избори во 2016.