Таг: чикаго булс

Големото срце на малиот Ајзеа Томас од Бостон

Иако не поминаа 24 часа од сообраќајната несреќа во која загина неговата сестра, Ајзеа Томас со насолзени очи го водеше Бостон на неверојатен начин против Чикаго Булс во плејофот.

45 секунди со Чикаго Булс од 90-те

Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Тони Кукоч, Денис Родман, Рон Харпер, Лук Лонгли, Вил Венигтон, Стив Кер, Џад Бушлер е вака што ни дојде на прва. Кој не зевал во 90-те ради овие момци исто како да не гледал НБА во животот. Доволно е да ја видите само оваа куса компилација за да сфатите зошто оваа банда предводена од Фил Џексон ги нареди шампионските прстени: 1991, 1992, 1993, 1996, 1997, 1998.

Никогаш не се радувај прерано - Тони Кукоч

Индијана Пејсерс на дуелот против Чикаго Булс во златните 90-ти за НБА лигата, го има последниот напад за да го реши мечот и нормално довербата му се укажува на тројкашот Реџи Милер кој ја нагази линијата и постигна два поени. Џабе се клањаш младичу.

Личната карта на славеникот Џордан

Најдобриот кошаркар во историјата, освојувачот на шест шампионски прстени и сопственик на НБА франшизата Шарлот Хорнетс, Мајкл Џордан денес слави 54 години. Медиумите престанаа да бараат негов наследник затоа што е невозможна мисија.

Зошто ни фали НБА од ’90-те?

Џордан, Стоктон, Мелуон, Мутомбо, Дивац, Меџик, Пени Хардавеј, Фил Џексон, Шек, се имињата кои секој НБА носталгичар го асоцираат на некое поубаво време во најдобрата светска лига кога навивавме аларм да станеме сред ноќ.

Што му направи Џордан на Кливленд

Ни улета едно од оние епски видеа каде МЈ е во главна улога. Се враќаме во 1993-та и четвртиот натпревар меѓу Чикаго и Кливленд во полуфиналето од Источната конференција кое заврши 4:0 на ваков начин:

Кога Бостон Селтикс го виде Бог

Ако барате ретро случка од денешен ден која е влезена во историјата, ја имате. Бостон Селтик го совлада Чикаго Булс со вкупни 3:0, но на вториот плејоф меч одигран кој едвај го добија во продолженија со 135:131 видоа нешто кое не се случило во кошарката.

Заминува најсаканиот лик после Џордан во Чикаго

После повеќе од една деценија забава за публиката во Јунајтед Центарот во Чикаго, Бари Андерсон одлучи да ја соблече маскотата и да види каков е светот од другата страна.

Како Пипен загубил 1,4 милиони долари

Соработниците на Скоти Пипен силно го уверувале да го ангажира познатиот финансиски советник Роберт Лун. Епилог на приказната: Пипен е пократок за 1,4 милиони долари, а Лун три години во затвор.

Бездомникот од Тексас кој ја победи судбината

Растен без родителите кои го избркале како мал, Џими Батлер бил вдомен кај жена која го одгледала и воспитала на прав начин. Бил скитник, а сега треба да потпише договор вреден 70 милиони долари.

Џордан со затворени очи за Мутомбо

Летечкиот Мајкл до таа мера уживаше во баскетот што често слободните фрлања ги изведуваше со затворени очи, и погаѓаше.

Вејд погоди преку половина терен, Роуз одговори на критиките

Булси на девет минути пред крајот водеа 10 поени разлика, Минесота ги стигна на пет минути пред крајот, но во финишот мајстории правеше Дерик Роуз.

Гасол со банана ги реши Леброн и Кливленд

Стартот на јубилејната 70-та сезона во НБА ја одбележија Голден Стејт, Чикаго  Булс и Детроит. Во дербито на колото против Кливленд, Чикаго победи во финишот благодарение на страшната блокада на Гасол над Леброн Џејмс.

Комплетната историја на НБА лигата

Како можеш да оцениш еден НБА тим низ децениите? Единствен метод за тоа е Ело, систем кој се користи во шахот за мерење на релативниот квалитет на еден играч, базиран од натпревар до натпревар.

Чикаго Булс – за неподносливата леснотија на поразот

Да те победи екипа во која игра ‘будалата’ Џеј Ар, во која игра Шамперт кој не можеше да погоди базен со камен, во која првиот плеј Ирвин игра со една нога к’цканката, а стартерите Кевин Лав и Варежао се дотерани матуранти на клупа...

Леброн го скроти Чикаго, Џејмс Харден го врати Хјустон во игра

Кошаркарите на Кливленд се на чекор до финале на Истокот откако со 3:2 победија во плејоф серијата против Булси. Истиот резултат е и на другата пресметка, каде Рокетски намалија на 3:2.

И Леброн Џејмс побрз од сирената, му врати на Дерик Роуз

Израмнетиот дуел синоќа во Чикаго меѓу Булси и Кливленд го добија Кавалирс 86:84 со двојката на Леброн Џејмс во последната секунда.

Победа на Чикаго со звукот на сирената, Хјустон прегазен

Дерик Роуз беше јунак на третиот плејоф меч на кој со тројка во последните мигови им донесе водство на Булси против Кливленд од 2:1. На другата средба Клиперси убедливо го совладаа Хјустон, а најдобар на средбата беше Остин Риверс, синот на тренерот на Лос Анџелес.

Во НБА плејофот сè е израмнето

По Атланта и Мемфис, брејк на вторите натпревари од полуфиналето по конференции, на 1:1 израмнија и кошаркарите на Кливленд и Хјустон.

Ди Роуз и Гасол се прошетаа во Кливленд, Чикаго поведе

Гостите ги нанесоа првите удари во полуфиналните средби во Хјустон и Кливленд. Блејк Грифин без помошта на Крис Пол го носеше ЛА Клиперс до брејк во Хјустон, а Роуз и Гасол му одржаа лекција на Кливленд.

Биковите пресилни, славеа со 56 поени разлика

Лос Анџелес Клиперс го совлада Сан Антонио 102:96, израмни на 3-3 и на свој терен ќе ја бара шансата за пласман во полуфиналето на Западот. Предводен од Џими Батлер и Пау Гасол, Чикаго Булс ја оствари најубедливата плејоф победа од 1956. година.

Бруклин ја победи Атланта во продолженија, сега е 2-2

Синоќа во НБА отпишаните се вратија во игра, откако Милвоки, Бруклин и Портланд ги совладаа фаворитите Чикаго, Атланта и Мемфис.

Триумфи на Чикаго и Голден Стејт за 2-0

Предводени од Стеф Кари и Клеј Томпсон, Вориорс поведоа 2-0 против Њу Орлеанс Пеликанс во плејоф серијата. На 2-0 поведе и Чикаго Булс против Милвоки Бакс.