Таг: бошко ѓуровски

Денот кога играчите на Ѕвезда и Хајдук плачеа за смртта на Тито, а некој и се смееше

Голот висеше во воздухот, Звезда играше добро, извикуваше „каков Тито“, а потоа луѓе непознати за играчите стапнаа на теренот и му рекоа на судијата Мухаремовиќ да го прекине натпреварот.

Браќата Македонци кои имаа чест да играат против Марадона

За некого можеби е непознат факт, но Марадона има гостувано на Маракана во Белград со тимот на Барселона. Прилика за двајца македонски репрезентативци да се најдат рамо до рамо со аргентинската икона.

Четиринаесетмината на Барселона и Звезда

Дали знаете во кои клубови има најмногу фудбалери кои се радувале на трофеј и како играчи и како тренери во истата екипа? Тоа се Барселона и Црвена Звезда кои се рекордери со по 14 имиња.

Денот кога Црвена Звезда со Бошко Ѓуровски му одржа лекција на Реал

1987 година за навивачите на Вардар е историска бидејќи стана шампион на Југославија, за навивачите на Порто затоа што за прв пат станаа прваци во Европа. Белград пак тогаш беше сведок на едно од најдобрите изданија на Звезда во тогашниот Европски Куп.

Ако ги добиеме "циганите", ќе ти поклонам маица Лакост

Ова е ветувањето на тренерот на Партизан Ненад Бјековиќ пред 75-то вечно белградско дерби од сезоната 1984/1985 на кое настапуваа браќата Ѓуровски. Милко даде гол, но Црвена Ѕвезда не се спаси од пораз и тоа коло прв пат во историјата се најде на дното на табелата.

Среќна нова 87-ма од Бошко и Милко Ѓуровски

Тие што се родени од 2000-та па наваму за Бошко веројатно прв пат слушнаа додека ни беше селектор. Нас ни враќа спомени уште од квалификацискиот меч против Кипар за ЕП 1996 кога даде хет-трик на Градски. Репрезентативец на Македонија, тогаш беше и брат му Милко кој настапи на тој меч. Србите потсетија на новогодишното издание на Темпо од 1987. година кога браќата беа ривали во Звезда и Партизан.

Ѓуровски: Ни со Мурињо и Анчелоти не правиме ништо

Два дена по отказот на Бошко Ѓуровски кој ФФМ му го врачи на последната седница на управниот одбор, довчерашниот селектор на Македонија се јави со реакција.

Бошко Ѓуровски не ги најде играчите со карактер

„Сакам на терен да видам играчи победници со карактер кои ќе играат модерен и агресивен фудбал“, изјави сега веќе поранешниот селектор на Македонија кој испроба околу 60 играчи од деби мечот на 5 март минатата година и победи на два меча.

Реми без голови со Кенгурите, Филип Втори празен

По квалификацискиот пораз од Белорусија во петокот, македонските фудбалери вечерва во Скопје одиграа 0-0 против Австралија во пријателски натпревар.

Ѓуровски: Ништо не е готово, зошто да не победиме таму?

Четврти пат во квалификациите за ЕП 2016, нашите фудбалери го напуштија теренот со спуштена глава. Сепак, ни тоа не го демотивира селекторот Бошко Ѓуровски, кој вели дека квалификациите не се завршени.

Новинарската фела го порази Меси со 115:4

Малиот коефициент во кладилница за победа на Роналдо, се покажа дека на апсолутниот фаворит нема да му избега одбраната на „Златната топка“. Најголема поддршка доби од Европа и Африка.

Словаците со две шанси до три бода на Филип Втори

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за ЕП 2016, вкупно петти од Словачка во досегашните седум меѓусебни дуели. Со головите на Адам Немец и Јурај Кучка, Словачка и натаму е на прво место во групата со максимален ефект.

Ѓуровски: Штета што Најдоски не може да игра

И покрај инцидентот на денешниот тренинг и отстранувањето на двајца репрезентативци од националниот тим, Бошко Ѓуровски е расположен пред тешкиот квалификациски натпревар против Словачка.

Бошко Ѓуровски: Победуваме со 60% посед на топка

Ако утре вечер имаме повеќе од 12 удари на голот и повеќе од 10 центаршутеви, ќе триумфираме, изјави селекторот Ѓуровски пред натпреварот со Луксембург.

Ѓуровски: Ќе барам играчи со карактер

Македонската фудбалска репрезентација утревечер на „Филип Втори“ ќе го нагости првиот противник во новата година, а тоа е селекцијата на Летонија која е 111 на ранг листата на ФИФА. Новиот предводник на нашата селекција со нови сопствени принципи ќе се обиде да го подобри квалитетот во нашиот тим.

Бошко Ѓуровски го објави списокот за мечот со Летонија

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација со неколку новитети во тимот ќе дебитира на пријателскиот меч против Летонија кој е закажан за 5 март на арената „Филип Втори" во Скопје.

Бошко Ѓуровски ќе дебитира пред своја публика

Новиот предводник на нашиот национален фудбалски тим првиот натпревар ќе го има против Летонија на 5 март.

Бошко Ѓуровски е нов селектор на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија за нов селектор на националниот тим го назначи поранешниот репрезентативец Бошко Ѓуровски кој го носеше дресот во деведесетите години.