Таг: бездомник

Играше во финале на Лига на шампиони, а сега е бездомник

Откако отслужи едногодишна суспензија од фудбалот, претрпел тежок развод од сопругата Орелие и поднел две тешки загуби на блиски роднини, Ебуе размислувал да си го одземе животот.

Фалкао го маскираа во бездомник и дојде на фудбал

На еден хуманитарен меч, најдобриот футсал играч на сите времиња Бразилецот Фалкао стоеше од страна како прав скитник и бездомник и бараше од тренерот да го пушти да поигра. Кога овој се смилува, Фалкао правеше чуда со топката.

Сосиедад вработи бездомник кој спиел пред стадионот

Еден од поголемите баскиски клубови, Реал Сосиедад е во центарот на вниманието на целокупната европска спортска јавност, откако со еден гест ги воодушеви сите.

Бездомникот од Тексас кој ја победи судбината

Растен без родителите кои го избркале како мал, Џими Батлер бил вдомен кај жена која го одгледала и воспитала на прав начин. Бил скитник, а сега треба да потпише договор вреден 70 милиони долари.

Разликата меѓу треба и му помогнав

На романски вести има прилог за еден сиромашен старец и руинираната куќарка во која живее. Како што е редот за ова се крева огромна галама на социјални мрежи. По ова следува неочекуван (и ретко виден) пресврт - луѓето од Фејсбук и Твитер стварно прават нешто во врска со проблемот на човекот, без да влезат во непрекинлив циклус на кенкање.

Фејсбук принцовите доаѓаат на хорс

Случајно фатена фотка од еден плавоок и фотогеничен бездомник од Бразил направи дечкото да стане предмет на романтични фантазии и миленик на женската популација на Фејсбук. Вистината, не баш романтична.