Таг: барселона

Како во Барселона се славеше пласманот на Меси во финале?

Шпанија испадна од Светско, ама нивниот најголем миленик од Барселона гази. Погледне ја оваа еуфорија.

Голот на Рафиња со кореански коментатори

Пазете ги колку се јаки. Со викање, со страст и плус синхронизирани беа кога требаше да кулминираат. Замислете како би звучеле на гол на Кореа на Светско против Бразил.

Маестрална комбинација Де Јонг - Рафиња за голем пресврт и победа на Барселона

Момците на Чави одиграа херојска партија на гостувањето против Осасуна. На полувреме губеа 1:0 и беа еден час со играч помалку поради два жолти картони на Левандовски. Педри израмни на самиот старт на вториот дел, а Де Јонг и Рафиња во 85-та минута ги изрежираа асистенцијата и голот на колото за конечни 1:2.

Навивачите на Атлетико и Барса за пример

За прв пат во 21 век, Шпанија ќе има само еден претставник во нокаут фазата од Лига на шампиони, а тоа е бранителот на титулата Реал Мадрид. Без разлика на горчината која ја имаат навивачите на Атлетико и Барселона кои не се навикнати на волку рана елиминација, тие сепак останаа блиску до играчите и ги повикаа под трибина за да им дадат буст.

Барса ја потопи Жолтата подморница со 3 гола за 7 минути, Левандовски извонреден

Убави се ваквите клипови, сакаме вакви. После прекрасниот материјал на Реал Мадрид, со иста мера одговори и Барселона.

Шоуто на Педри на мал простор и драмата пред голот на Барса

Со гол по 17 минути игра, Педри ја реши Селта и во очи на Ел Класико ја одржа Барса прва пред Реал, само поради подобрата гол разлика. Погледнете ги овие дриблинзи и контрола на топка на само 19 години. Во финишот Каталонците едвај се спасија да не примат гол.

Голема судиска неправда на Сан Сиро

Нова сезона, нови судиски гафови на кои не се имуни ниту судиите кои ги делегираат за елитната Лига на шампини. Дури и Симоне Инѕаги го виде пеналот кој не го видоа оние на кој им е работа да го видат. „Треба да биде тука и да објасни зошто донесе таква одлука“, изјави Чави по мечот.

Кога дома уште криеш дека имаш дечко

Или па имаш уште еден и го јадеш среде пренос Реал Сосиедад - Барселона.

50 години не се истакнал никој на Камп Ноу како наш Столе

Фудбалерите на Барселона предводени од гол машината Роберт Левандовски, со 0:0 ја отворија сезоната во Лига. Главен виновник е чуварот на голот на Македонија кој беше играч број 1 на мечот. Три меча по ред не им дозволува да го совладаат.

Драмата на пенали по која Барселона остана на европскиот трон

Откако од сезоната 2009/10 во ЛШ се игра Фајнлфор турнир, Барселона е прва екипа која успеа да ја одбрани титулата. Во овој формат во Келн, имаат 4 титули, Кил 3, а Вардар 2. Алекс Душабаев беше многу опасен и на моменти незадржлив кога ќе се кренеше на шут од игра, но кога финалето се одлучуваше на пенали, само тој не успеа да реализира.

Носталгија на денот со Меси и Чави

Едниот си замина од што мораше или затоа што се торковци што не го задржаа до крај на кариера, а другиот кој диригираше на терен, сега диригира од клупа. Каталонците на Твитер денеска се решија за објава со двете легенди, овој пат во различни улоги. Уметност.

Барса со Куман vs Барса со Чави

Споредбата е како да ви кажеме, мравка и слон, а поткрепа се резултатите. Кој знае што ќе беше ако Чави ги водеше од почеток на сезонава.

Убав гест на Барса за освојувачот на Копа дел Реј

Атлетико Мадрид викендов играше градско дерби кое го доби со 1:0, но не го испочитува Реал Мадрид на шампионски начин со шпалир. Каталонците тоа го направија за играчите на Бетис како освојувачи на Купот, вкупно трети во нивната историја.

Двата проектили на Камп Ноу

Ајнтрахт Франкфурт и го нанесе првиот пораз на Барселона после извонредната серија од 15 меча и ја елиминираше од ЛЕ. Мечот заврши 2:3, а каталонците двата гола ги дадоа во судиското продолжение. Имаме две голчишта за издвојување, оние на Рафаел Сантос Боре и Серхио Бускетс.

Македонски навивач со македонско знаме, главен на Инстаграмот на Барселона

Беше во Букурешт, Палермо, Порто, во Парма кај Пандев, а сега се појави на трибините и во Франкфурт. Сегде го има.

Трансфер пазарот на Барса е полн погодок

Сте ѕирнале ли како и оди на Барса во последно време? Со оглед на завршувањето на една ера по име Меси, топ им оди на дечките. Се гледа дека Чави знае што работи, а трансферите им се ептен погодени.

Пет години од епскиот пресврт на Барса против ПСЖ

Во тоа осминафинале, Барселона ги помести границите во фудбалот, затоа што никој претходно во нокаут фазата од ЛШ, не успеал да елиминира тим после пораз од 4:0. Три гола им дадоа во последните 7 минути. Кој ли веруваше?

Акција на Барселона како во старите добри времиња

Нерешените 1:1 на Камп Ноу беа надеж за Елмас и другарите дека можат против оваа Барселона во Лига Европа. Ама момците на Чави блеснаа во Неапол и со убедлив резултат уште на полувреме од 1:3 и конечни 2:4, покажаа дека има материјал во нив.

Утките на Барса по кои немаше утеха за Торес

Елиф Елмас се истакна јако со дриблингот и асистенцијата до Зјелински, а Наполитанците треба да бидат пресреќни што си заминаа со 1:1 од Камп Ноу. Барса се изнапромаши и мечот го заврши со вкупно 21 удар наспроти 4 на гостите.

Спектакуларната одбрана на Тер Штеген во 92-ра и ножичките на Де Јонг ала Роналдо

Со крпен состав и 16 отсутни фудбалери, Барселона освои многу важни 3 бода на гостувањето против Мајорка. Мечот го реши Лук де Јонг, а Марк Андре Тер Штеген во судиско реагираше како Арпад Штербик.

Барселона сериозно заинтересирана за Столе Димитриевски

El Chiringuito е најпозната емисија за спорт во Шпанија. Во неа реномирани новинари дебатираат, дискутираат сериозна тематика поврзана со шпанскиот фудбал и спорт воопшто.

Двете 100% утки на Баерн и Динамо

Нема коло без некое големо промашување во последно време. Така беше и во Лига на шампиони, каде проблеми со нишанот имаа Виктор Цихангов и Лирој Сане.

Како навивачите на Барса гледаат вечерва ЛШ

Баварската машинерија води 3:0 и со 5 од 5 оди на победа и против Барселона, на која па очајно и се потребни 3 бода. Во меѓувреме од Минхен, одиме во Барселона:

Поништеното голчиште на Отаменди поради лошо изведен корнер

Барселона и Бенфика одиграа без голови, ама неколку пати го креваа адреналинот кај публиката на Камп Ноу. За играч на мечот е прогласен Отаменди поради одличните интервенции во одбрана, но Аргентинецот за малку и ќе го решеше мечот со атрактивен погодок.