Таг: баерн минхен

Мануел Ноер пуштен на најјако

По вечната репрезентативна пауза, се врати клупскиот фудбал. Баерн Минхен се сопна со Вердер Бремен (1:1), а можеше и да изгуби да не беше човекот кој освои 23 пехари во кариерата и кој денес го одигра 400. јубилеен меч во кариерата. GOAT.

Баерн и Ливерпул ненаситни на гости, Реал го реши Интер

Вечерашниот германски стил на гостинско дробење, по Менхенгладбах го продолжи Баерн кој со 2:6 го сомеле Салцбург. Дури 4 им дадоа во последните 13 минути. Момците на Клоп испукнаа петарда во Бергамо, Интер без победа и по три кола, а Сити, Ајакс и Порто славеа како фаворити.

Би поверувале дека Баерн Минхен бил некогаш елиминиран од Норич?

Да и тоа се има случено. Германскиот гигант кој пред 10 години настрада од Пандев во ЛШ, загуби од Норич во Купот на УЕФА, ама не баш скоро, туку во времето кога Панчев играше за Интер.

Омилениот играч на Гвардиола кој играше финале на ЛШ, а сега завршува во регионална лига

Холгер Бадштубер е еден од оние играчи на кои кариерата не му отиде по пат по каков сакаше да му оди. Или требаше да му оди. Или едноставно мораше. Со истрајност и борбен дух дури 6 пати се врати на терен после многу тешки повреди. На крајот мораше да ја прифати малерозната судбина.

Мајсторски гол на Кимих за победа на Баерн, ново реми на Интер

Германскиот првак ја оправдува фаворитската улога во групата А со 6 бода на две средби. По убедливиот триумф над Атлетико, славеа 1:2 во Москва со головите на Горецка и Кимих кој напрви брилијантен потег. Шахтјор и Интер одиграа без голови.

На интервју во Баерн дошол со сандали и бермуди, па останал 30 години да прави добра атмосфера

Секој клуб има некоја своја стара легенда од внатре, некој лик за кого јавноста не знае ништо, а во клубот сите го сакаат и е омилен.

Лукаку го спаси Интер во 90-та, Баерн и Аталанта немилосрдни

Со автоголот на Таљафико, Ливерпул славеше 0:1 во Амстердам, резултат со кој победи и Олимпијакос дома во 91-ва минута над Марсеј. Сити го доби Порто со пресврт, а Баерн и Аталанта решетаа. Интер само 2:2 против Менхенгладбах.

Даглас Кошта тезгере во живиот ѕид

На мечот Арминија Билефелд - Баерн Минхен (1:4) имаше комична сцена со Бразилецот кој по неколку години во Јувентус се врати во Баварија. Бразилецот реши да го имитира Марсело Брозовиќ, само ја утна страната, па соиграчите го опоменаа да не биде толку глупчо со отворено лице да се мести на шут.

Баерн има ново чудо од дете

Баерн искористи простор меѓу репрезентативен и клупски фудбал да одигра меч од Купот на Германија против Дирен. А таму талентот го докажа Џамал Мусиала кој има само 17 години.

Нереално е колку среќен гол даде Баерн

Баварците синоќа нанижаа нов трофеј, вкупно петти годинава, откако во Супер купот на Германија ја совлада Борусија Дортмунд со 3:2. Како ли да се објасни голот за победа на Џошуа Кимих? 

Баерн е настинат, го шина Шалке 8:0 на старт на сезона

Само месец дена поминаа откако ја попарија Барселона со 8:2 во полуфиналето на ЛШ. Кога се одморија, кога се вратија на подготовки, кога истренираа за да се вратат во форма и повторно да експлодираат на ист начин.

Како Ханси Флик, сјајниот тренер на Баерн, напуштил студии за да игра за Баварците

Во жестока конкуренција, Ханси Флик со убедливо повеќе гласови е избран за најдобар германски тренер на сезоната 2019/2020. А за неговата кариера и живот и после тројната круна со Баерн, не се знае многу.

Како тргнало, ќе го видиме Мануел Ноер во Антички театар

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Германецот Мануел Ноер кој пред неколку дена со фантастични одбрани му донесе втор пехар на Баерн во Лигата на шампиони, летово одмораше на хрватското приморје каде е чест гостин последниве години. Секоја втора вечер се појавуваа снимки како Ноер пее хрватски песни.

Баерн потрошил 5 пати помалку пари од ПСЖ, но докажа дека не е сè во парите

После големата победа во финалето на ЛШ со која Баерн по 6. пат во историјата го крена највредниот пехар, на социјалните мрежи се појави информација дека Баерн потрошил помалку пари на стартниот состав отколку што ПСЖ платил за еден Нејмар.

Детето на ПСЖ кое му донесе титула на Баерн против ПСЖ

Победничкиот гол во финалето на Лига на шампиони го постигна Кингсли Коман. Бекот Кимих одлично центрираше во подалечниот агол, а младиот Французин со глава ја погоди мрежата против својот роден клуб.

Баерн по шести пат шампион на Европа!

Во не баш атрактивно финале, германскиот гигант удри печат на потврдата дека е најсилен тим во Европа во моментов. Кингсли Коман, детето на ПСЖ го реши големото финале во Лисабон против своите и Баерн Минхен заслужено ќе ја слави шестата титула европски шампион.

Фудбалскиот пат на Серж Гнабри, детето од мешан брак кое стана светска класа

Родителите му ја предвиделе кариерата точно онака како што му се развива. Кога почнал да заработува страшни пари, се занел, неконтролирано трошел и го опоменувале дека тоа вечно нема да трае. Така и било, после што решил да се приземји и да почне од нула.

Баерн е немилосрден, закажа пеколно финале на Лига на шампиони

Во недела вечер Баерн Минхен ќе игра за шеста европска титула. Апсолутна доминација досега во Лига на шампиони на Баварците. Вечерва жртва беше Лион кој три пати ја вадеше топката од своја мрежа. Во финале ги чека ПСЖ.

Тренинг до исцрпување, германска железна дисциплина - Баерн оди на тројна круна

На почетокот на оваа бесконечна сезона, Баерн Минхен им здосади на навивачите со досадна игра, со внатрешни скандали и со 5 примени гола од Ајнтрахт Франкфурт. Атмосферата воопшто не личеше на онаа по која гигантот е препознатлив.

Пред 15 години татко му на Перишиќ го пратил Иван во Сошо за да спаси фарма со пилиња

Хрватска стана светски вицешампион на Мундијалот 2018, а во генерацијата играа фудбалери чии животни приказни се фантастична подлога за добри филмови. Најмногу внимание би привлекол оној за животот и кариерата на Иван Перишиќ.

A да имаше реванш?

Не, нема потреба.

Фудбалерите на Барселона пешки ќе си одат дома

Каталонците вечерва се понижени и пропаднати во земја, бидејќи доживеаа пораз каков што немале од 1946-та. 8:2 изгубија. Да, ОСУМ спрема ДВА. Со ваква мизерна и смешна одбрана не може да бараат трофеј ни во Ла Лига ни во ЛШ. Дебакл е млак збор.

Се заврши една сјајна кариера, на раце го носеа неуништливиот Клаудио Пизаро

Последната вечер како играч на својот Вердер Бремен, Клаудио Пизаро ја отседе на клупата за резерви. Неговиот тим успеа да одигра 2:2 со Хајденхајм и да опстане во најдоброто германско друштво. Пизаро на крај го носеа на раце.