Таг: андреа пирло

Кога Пирло го зел мобилниот на Гатузо и пишал смс на директорот

Насловните страни на голем дел од светските спортски медиуми деновиве се занимаваат со ликот и делото на Андреа Пирло кој пред неколку дена и официјално ја заврши фудбалската кариера.

Како Пирло ги откачил Катарците на маса

Андреа Пирло настапуваше за три ривалски екипи во Серија А, ама и покрај тоа сите максимално го почитуваа. Докторот за фудбал кој синоќа и кажа збогум на кариерата, немаше пари кои можеа да го натераат да заигра во Катар.

Кои се најдобри изведувачи на слободни на сите времиња

Пирло, Михајловиќ, Рожерио Сени, Бекам, Роналдињо, Маркос Асунсао, Жунињо Пернамбукано, Зико, Рамбо Петковиќ и Марелињо Кариока важат за најдобри изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот.

Дебитантските голови на ѕвездите во Серија А

Шева на 22 години за Милан, Роналдо на 20 години за Интер, Клосе на 32 години, Балотели на 17 и сите најпознати фудбалери од италијанското првенство кои даваа дебитантски гол на разни стадиони ширум Италија.

Миланисти, Пирло има да ви каже нешто

Носталгичари за оној Милан од кој до пред неколку години не можеше секој да го облече дресот, ќе ве потсетиме на еден од најубавите или можеби најубав гол на Пирло кој шутираше од соблекувална. Од тука обично дава топки со очи, ама овој пат направи исклучок и ги остави без зборови Ибрахимовиќ и Роналдињо.

Виља го даде најубавиот гол што Пирло го видел

Во 90’ минута од мечот на неговиот Њујорк Сити против Филаделфија Шпанецот Виља ја запечати победата со гол за кој Пирло изјави: „Ова е еден од најдобрите голови што сум ги видел во мојата 22-годишна кариера“.

Пирло и неговите емоции

Сте виделе ли Андреа Пирло некогаш да го смени изразот на лицето? Не. И Харлем Глоубтротерс се обидоа и пак ништо. Не мрда, како Путин е.

Со Пирло нема излегување на крај

Стара реклама на Најк со докторот за изведување на слободни удари. Вие само збирајте се на жив ѕид, ама не заборавајте дека пред себе го имате човекот за кој секој слободен удар е пола пенал.

Сите 28 гола од слободен на Пирло во Серија А

Во фудбалот постои термин „Пирловски“ топки па така кога некој играч ќе даде долг прецизен пас коментаторите брзо го споменуваат докторот. Еве ги сите негови голови од слободен удар додека играше во италијанската лига.

Времето кога Рибери играше за Галатасарај, а Матераци за Евертон

Некои познати фудбалери имале авантури за кои малкумина знаат. Рибери имал лошо искуство во Истанбул каде од управата му дошле дома и му кршеле прозори, а Бекам го исмевале во Престон.

„Не знаев да подавам, а освоив Светско и два пехари во ЛШ“

Кога се изведувале пеналите против Јувентус во финалето на ЛШ 2003, Гатузо се молел да завршат пред него кој бил осми по ред за изведување. На Светското во Германија докторот за допинг чекал два и пол часа Гатузо да даде урина, затоа што бил уморен.

Каде се и што прават светските шампиони од 2006-та

Некои и после 10 години уште играат активно, некои запливаа во тренерски води, некого поврзуваа со мафијата, а некој замина на далечниот исток. Кои беа играчите кои го обоија небото со аѕурна боја таа 2006-та?

Фејсбук мемори со Пирло

Само 6 години треба да се вратат назад фановите на Милан за да сфатат што сè имаа во тим. Тогаш Ибра, Силва, Роналдињо, Пирло, Сидорф, Робињо, сега Поли, Палета, Кучка, Соса, Лападула...

Специјалитетот на Давид Виља и Пирло во Хјустон

Тренер на Њујорк Сити е Патрик Виера, а на Французинот му е лесно кога во тимот има генијалци како Пирло и Давид Виља. Синоќа победија на гостувањето против Хјустон Динамо и во моментов се први во Источната конференција на МЛС лигата.

Пирло го соедини виното со фудбалот преку копачките

Играчот за врска на Њујорк Сити отсега ќе игра во копачки кои ја симболизираат неговата љубов кон производството на вино. Nike за италијанската ѕвеѕда специјално иѕработил модел копачки кои имаат боја на вино мерло. Внатре на влошката пишува „Произведено во 94-та“. Пирло ја почнал својата професионална кариера во 1994. година.

Трчам, значи играм кај Конте

Точно еден месец пред почетокот на Европското 2016, Антонио Конте ќе треба да го соопшти конечниот список на фудбалери кои ќе патуваат во Франција. Повредени и дилеми има како никогаш претходно.

Во Њујорк никој не ме знае, шетам слободно

„Во Италија полиција нè чуваше во соблекувалните доцна во ноќта затоа што не беше безбедно да си одиме дома после натпреварите. Овде можам комотно да шетам без никој да ме препознае“, вели Професорот чијшто дрес е меѓу најпродаваните во САД.

Ретки фудбалски фотографии

Како изгледаше Христо Стоичков со Златната топка, како Шмајхел оди на работа, детето Ариел Ортега во Ривер Плејт и уште неколку необични фотографии од времето.

Самбата на Сан Сиро пред 10 години

По пауза од 14 години Барселона во сезоната 2005/2006 ја освои Лигата на шампионите. Меси беше уште млад, а Роналдињо во врвна форма. Во полуфинале го елиминираа Милан, а од дуелите на Гатузо и Пирло со Бразилецот остана посебно видео.

Најпознати фудбалери со ромско потекло

За Хаџи, Ливерани, Лакатуш, Асењо и Хесус Навас сме слушнале дека имаат ромско потекло, но не и за Неста, Лука, Жињак, Пирло, Гуиза и Кипријан Марика. Овие играчи комотно би играле завршница на Светско првенство со ромска репрезентација.

Каде се и што прават загубените ѕвезди од Серија А

За прекуокеанската кариера на Џовинко, Кака, Пирло и Миколи знаеме речиси сè. Избунаривме што прават и каде се поранешните фудбалери од Серија А кои се докажаа во Италија па потоа ги загубивме од вид.

Господин Андреа Пирло

Во стил да не се извалкам, Андреа Пирло со поглед ја испрати топката при третиот гол со кој неговиот Њујорк Сити загуби дома 1-3 од Њу Ингланд Револушн.

Како Анчелоти реагираше на слободните удари на Пирло

Снимката е од четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите меѓу Милан и Депортиво ла Коруња одигран во 2004-та.

Клучните мотиви за заминувањето на Пирло во Њујорк

Довчерашниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло за клупскиот сајт на Њујорк Сити ги наброи сите мотиви поради кои решил да се пресели во САД.