Таг: Алексис Ципрас

ЕУ, големото страшило

Ако брегзит требаше да биде почетокот на трансформација на силите во ЕУ, по кој националните владите ќе почнеа да си враќаат дел од овластувањата предадени на Брисел, на крај тој се претвори во показна вежба зошто не треба да му се спротивставуваш на Брисел.

Ако ја сакате Грција, помогнете да се спасиме од Ципрас

Повикот за што поскоро раскрстување „со премиерот и партијата што го издадоа својот народ и своите принципи“ објавен во Гардијан доаѓа од Зои Константопулу поранешна претседателка на грчкиот парламент која на позицијата доаѓа токму како пратеник на Сириза.

Ципрас во земјата на чудата

На човек може само да му биде жал за Грција. За повеќе од 5 години, тројката (ЕК, ЕЦБ, ММФ) ја претвори земјата во предмет на неуспешен експеримент со штедење кој само ја влоши економската криза. И сега владата на премиерот Алексис Ципрас изгледа како да е настроена да ја турне Грција во амбисот.

Грција ќе ја откажува Европа од штедење?

Крајно левичарската Сириза освои 149 пратеници на изборите (околу 40% од гласовите) и утрово потпишаа коалиција со крајно десничарската АНЕЛ, со чии 13 пратеници има мнозинство во грчкиот парламент. Заедничко за двете природно спротивставени партии е омразата кон мерките за штедење.

Најопасниот човек во Европа

Можеби темата на текстов и не е баш за Букбокс, но тој е одлично напишан, а темата е важна, и за Европа и за нас. Симпатичниот 37-годишник Алексис Ципрас делува како потомок на силната грчка левица која некогаш мораше од егзил да го води својот отпор против диктатурата.