„Ова не е филм за Мајлс Дејвис“, би требало да гласи првата реченица од освртов. Затоа што мешавината на факти и фикција во него главно тежи на страната на измисленото, замисленото, сеченото и лепеното од животот на славниот трубач.
Интелектуалното ривалство, како што пишувавме, може да биде добра работа. Но истото може и да биде причина и за спротивното - достигнување на интелектуално дно.
Славниот британски писател бил многу чувствителен на мириси. На овој необичен аспект на неговиот лик и дело е посветена нова книга, под наслов „Орвеловиот нос: патолошка биографија“.
Рајнер Стак, германски писател, е најпознат по неговата детална и дебела биографија на Кафка од три тома и 1,500 страници. Во новата книга тој открива некои необични детали за славниот писател, до кои дошол во текот на долгото истражување на архиви од Прага до Израел.