Kнигата која во Србија се појави во мај оваа година, и веќе доживува петто издание, се опишува како прва биографија на историскиот лик на Марко Мрњавчевиќ. Но со оглед на тоа што Крале Марко не е само српски, туку и епски лик во фолклорот на сите Јужни Словени, тешко е да се објасни зошто требаше толку време за да се појави една ваква книга.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Од почетоците на земјоделството до современото производство на пиво, оваа книга чие објавување се планира за октомври, покрива цели 9000 години историја на пијалокот на којшто се насладуваме додека ги пишуваме овие редови (добро де, радлерче).
Грижењето, или по нашки секирањето, е необична активност за „жанровско" одредување. За оние кои често го прават тоа, работата е сериозна. Но ниту еден психијатар нема да ви каже дека сте патолошки случај само затоа што се грижите, освен ако тоа не преминува во параноја.
Teкстов повеќе звучи како нешто што би било соодветно да се објави на „денот на заљубените". Ама за бакнување не ви треба посебен повод, само субјект со кого би си ги допирале усните или триеле носевите, што можеби не е баш бакнеж, но според антрополозите е подеднакво важно „бакнувачко однесување".
Нова книга под наслов „Искубано: историјата на отстранување влакна" од Ребека Херциг испитува еден необичен феномен - и покрај тоа што повеќето од цицачите на планетата поседуваат обилно крзно, само човекот минува низ триста маки за да го отстрани. Зошто?
Колку пати сте слушнале дека некој „сака да чита", или сте изјавиле дека сте „љубител на добрата книга"? Нашата врска со книгите често личи на љубовна приказна, која вклучува занесеност, интимност, опсесивност. Но односот кон книгите и читањето не бил отсекогаш таков.