Од утре, 24. до 27. мај во Солун се одржува саем на книгата. Почесна земја-гостин е Србија, а со посебни манифестации ќе биде одбележана стогодишнината од раѓањето на еден од најголемите грчки поети, Никифорос Вретакос.
Сабајлево сфатив дека постои снимка од настап во живо на ЕКВ од 1994 на Канал 103, и тоа некако ми го обои денот. Особено оваа - прилог кон постоечките преводи на нивните песни.
Излезе нова збирка песни на неодамна починатата полска поетеса и добитничка на Нобеловата награда за книжевност, која ги содржи 13-те последни песни кои таа ги подготвувала за издавање.