Јака историска снимка од архивите на МРТВ, стара 50 години со Атанас Костовски кој тука има 32 години. Дава осврт на Мундијалот од Мексико кога Пеле стигна до третиот златен пехар, а прв стрелец е Герд Милер со 10 гола.
„Бомба да пукни до него нема да мрдни од шо е сконцентриран и смирен“, стои во еден од коментарите под видеото објавено и раширено по социјалните мрежи. Време е да потсетиме на легендарниот Ристо Ничевски и неговата невидена динамика на коментирање.