2018 е годината во која ќе излезе шестата книга од серијалот Песна за мраз и оган а.к.а. Игра на тронови, барем така вика Џорџ РР Мартин и овој пат е сигурно, скоро, ако ништо друго барем најверојатно.
1996 Џорџ Р. Р. Мартин ја објавува Игра на тронови, првата книга од серијалот Песна за ледот и огнот. 14 години подоцна ХБО вика "нека биде серија," и работите почнуваат да се менуваат, вклучително и притисокот врз Џорџ Р. Р. Мартин да заврши тоа што почнал.
Ако одиме по линија на разочарувања најважен лик (за тие што не ги читале книгите) е тој што прв го убија, ако одиме по линија на математичари спремни целото свое знаење и искуство да го впрегнат за да ги решат непродуктивните дебати на темава, одговорот е сосема друг.
Пред да почнеме, една работа - интервјуто не е вистинито и не се однесува на една ѕвезда, женска или машка, туку повеќе е збирно искуство од сето она што може да се прочита по магазини / интернет / весници.
Ситуацијата е следна, приказната во серијата Игра на Тронови е стигната до втората половина од третата книга. До сега се напишани вкупно 5 книги, а за до крај на приказната фалат уште две. Последната книга е објавена во 2011-та.
Целата Игра на тронови е базирана на серијалот книги Песна на мразот и огнот, напишани од Џорџ Р. Р. Мартин. И сето тоа убаво функционира освен што серијалот до сега има 5 книги, а за приказната да биде завршена фалат уште цели 2, за кои уште никој не знае до каде е Мартин со пишување.
Со просек од 13,6 милиони гледачи по серија (во САД), во неделата заврши третата сезона на Игра на троновите, една од најуспешните серии на телевизија која никогаш немаше да биде снимана ако претседателот за програма на ХБО не решел да отиде на фитнес.