Пред дебаклот од Наполи, Јувентус влезе во одлична серија и фати приклучок за да се бори за врвот. Но покрај фудбалската, паралелно води и судска битка која може многу да и отежни ако не ја добие.
Добрите познавачи и носталгичари на италијанскиот и општо европскиот фудбал во првите години по 2000-та, на прва топка ќе се сетат на фамозниот случај „Ериберто“ од Киево, човекот кој за да избега од сиромаштија направил голема измама, па совеста го прогонувала со години.
Легендарниот голман, можеби најдобар чувар на мрежата на сите времиња во историјата на фудбалот, по сè изгледа носи дефинитивен крај. За разлика од минатиот пат, сега речиси сигурно ќе се збогува со бубамарата.
Вестон Меккени стана еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион кој скоро сигурно ќе го откупи неговиот договор од Шалке. Американецот е прав хит во Серија А, а против Болоња на интересен начин го прослави голот.
Шест сезони, 0 настапи, два црвени картони. Ова се бројките на Томазо Берни, третиот голман на Интер од 2014-та којшто заминува од клубот на 37-годишна возраст.
Наполи со 2-0 го победи Сасуоло (Хисај и Алан стрелци), Елмас играше од 79' минута кога влезе на терен наместо Зјелински, ама мечот го одбележија дури 4 епизоди со поништен гол на гостите. Никогаш и никаде не е видено во фудбал вакво нешто. 4 поништени гола. 2 на Филип Ѓуричиќ поради наводен офсајд а сите 4 по првиот и пред вториот гол на Неаполците.
Џорџо Кјелини е еден од главните јунаци на карантинот во Серија А. Капитенот на Јувентус меѓу првите се договори со сите соиграчи за тешкото прашање - да се откажат од плати за два месеци и да ги добијат парите кога фудбалот ќе се нормализира.
Официјалната домашна варијанта на дрес на Јувентус за новата сезона 2019/2020 ја претставија овој месец, но на интернет се зборува за неа уште од минатата есен. Навивачите поделени.
Спремен како војник да оди во најтешките ровови за својот тим и репрезентација. Ни самиот веќе не знае колку пати е шиен и на кои места. Главата ја раскрвавувал многу пати а соиграчите викаат дека бегаат од него.
Насловните страни на голем дел од светските спортски медиуми деновиве се занимаваат со ликот и делото на Андреа Пирло кој пред неколку дена и официјално ја заврши фудбалската кариера.
Со неколку потези „ги извади од копачки“ своите противници и го сврте фокусот кон себе. За неговиот потпис најбрз од сите бил Јувентус чијшто член Рикардо Орсолини ќе стане од јуни до кога ќе игра во матичниот Асколи.
Човекот кој се ожени со девојка му од детството, со која се бакнувале во складиштето во малиот град Скална стана најдобриот фудбалер на Европа и даде дебитантски гол на Еврото 96-та. Бескомпромисен борец за кого Умберто Ањели стражарел во дворот за да не му го украдат назад во Рим.
Синот на Муамар Ел Гадафи четири години беше член на италијански прволигашки екипи, два пати влезе како резерва а анегдотите поврзани со него сè уште се прераскажуваат на Апенинскиот Полуостров.
„Слушав многу за тебе. Дека си бил фајтер како мене. Ако е така, заедно ќе им влеваме повеќе страв во коски на нашите противници. Добредојде во Јувентус", биле првите зборови со кои рекордерот по бројот на црвени картони го пречекал Давидс.
„Во Италија полиција нè чуваше во соблекувалните доцна во ноќта затоа што не беше безбедно да си одиме дома после натпреварите. Овде можам комотно да шетам без никој да ме препознае“, вели Професорот чијшто дрес е меѓу најпродаваните во САД.
Дејвид Бекам во сабота ќе ги донесе во Манчестер најдобрите играчи од неговата генерација, кои ќе настапат на хуманитарниот меч Уницеф за децата, а кој ќе го суди најдобриот фудбалски судија во историјата.