Добро, секој избор нели е некомплетен и субјективен. А и годинава уште не е помината. Но ако ова е начин нејзиниот крај магиски (не научно) да дојде побрзо, тогаш еве список на добрите книги за наука што излегоа во 2020
Нов одличен филм на Аарон Соркин во продукција на Нетфликс го прикажува судењето на осуммина (да, осум) антивоени активисти кои протестирале во текот на Демократската национална конвенција од 1968, што завршило со насилен судир помеѓу нив и полицијата. Судски записници, мемоари и медиумски написи покажуваат што е историски верно а што измислено во филмот.
На 8 септември, значи за неколку дена, од печат ќе излезе нова книга на Клис, под наслов „Креативност: краток и весел прирачник“. Книгата е навистина кратка, 112 страници, а дека ќе биде весела, тоа сме речиси сигурни.
Велат дека ако прашате некој во Индија дали го гледале „Дилваге дуланиа ле џајенге“ или ДДЛЏ, голема е веројатноста дека ќе ви одговорат со „да“. Филмот е значаен дел од историјата на индиската кинематографија. И е толку популарен што се прикажува секој ден, во последните 24 години, во кино сала во Мумбаи.
Цели 29 години навивачкиот свет чекаше на добар филм за италијанската навивачка сцена по нивен гушт. Последен ваков кој заслужи Оскар меѓу навивачите беше епскиот „Ултра“ од 1991-ва на режисерот Рики Тоњаци.
Секој оној кој нестрпливо очекувал да излезе некоја книга (колкумина има такви?) знае дека барем што се однесува до странските изданија прво излегува верзија во тврда корица (хардкaвер) а потоа во мека (пејпрбек). И дека ако сака да помине поевтино ќе мора да се стрпи, понекогаш цела година. Зошто е тоа така?
Знаеме денешни ВЦ-иња во кои има цели библиотеки полни списанија, па и со по некоја книга. Ама дизајнерите од 18 век или имале уште поголема почит кон пишаниот збор, или обратно, многу добра смисла за критика.