Доколку сакате да ги одморите очите од компјутер или ве мрзи на пат да носите лап топ, анегдотите и пикантериите во спортот раскажани од најдобрите, може да ги најдете во книга. Еве мал дел од тоа што е добро за читање.
Како Мајкл Џордан загуби 20 милиони долари на комар, како најпознатиот американски квотербек се јавувал од затвор да му уплатат тикет и како Сер Алекс Фергусон го вадел поранешниот играч на Манчестер Јунајтед од казино.
Многу пензионирани НБА играчи, по кошарката се фатија за голф и тенис. Кога легендарниот шести играч на Чикаго Булс се повлече, до ден денес не игра ништо друго освен голф, спорт во кој стана државен шампион на Хрватска.