Ако ви се здосадени стереотипните новогодишни посластици, а сакате истовремено да ги импресионирате гостите со вашето познавање на филозофијата, еве предлог-празнично мени, базирано на она што го јаделе познатите филозофи, или на нивните ставови кон уживањето. Комбинацијата Ниче/Сартр ни се гледа доволно разумна - цигари и седативи со изворска вода.
И така си траеше филмот, ја си го отворив пивцето некаде на средина, и го испив нормално, и ондак ми се случи нешто чудно. Не знам како да го опишам поинаку тој напад на емоции и откровение освен дека бев дотакнут од Силата у тие моменти.
Целата таа приказна дека не е важно што сте добиле за подарок, туку дека е важно вниманието паѓа во вода кога по дома ќе почнат да ви се трупаат предмети кои ви е шубе да ги фрлите, ама и не ви требаат. Германците имаат решение.
„Книгите се духовно богатство" е точна констатација, сè додека не ти е потребен простор кадешто ќе ги складираш и изложиш. Тогаш книгите знаат да станат товар, и ова добро го знаат оние чиј книжарски простор е претесен за да прими повеќе од неколку примероци од еден наслов. Но еве начин како тоа би можело да се реши.
Годинава што изминува ќе биде запаметена не по поединечни осврти на дела, туку по многу пофундаментална критика на „белоцентризмот" и на медиокритетите во книжевноста и во издаваштвото.
Еден од најголемите филмски хитови во 2015 беше „Спектра", 24-тиот од серијата филмови за Џејмс Бонд. Но ние со нетрпение го чекаме оној кој би бил снимен според книгата на Дејан, чиј главен лик не се вика Џејмс, туку Иван, Трицикл и Душко. Всушност, неговото вистинско име е Попов. Душан Попов.
Од амбигуфобија - страв од тоа да бидеш погрешно разбран, до базорексија - неодолив нагон некого да бакнеш, ова е енциклопедија на чувствата, или поточно на различните изрази кои се обидуваат да опишат состојби на духот и телото кои се често неописиви.
Kнигата која во Србија се појави во мај оваа година, и веќе доживува петто издание, се опишува како прва биографија на историскиот лик на Марко Мрњавчевиќ. Но со оглед на тоа што Крале Марко не е само српски, туку и епски лик во фолклорот на сите Јужни Словени, тешко е да се објасни зошто требаше толку време за да се појави една ваква книга.
Тоа можело да биде последното ремек-дело на славниот комичар, кој на стари години замислил бајковит филм во кој би глумела неговата ќерка. Деновиве излезе книга посветена на ова незавршено дело, под наслов „Чудовиштето" (The Freak).
Футуристички филмови (базирани на книги) имало и претходно, но во последно време во подем се такви кои, иако спаѓаат во жанрот научна фантастика, се обидуваат да бидат што пореалистични кога е во прашање научниот дел, на сметка и на пињау-пињау моментите, и на вселенската метафизика.
Според истражување кое зело предвид 2,500 книги кои се појавиле на бестселер листите на Њујорк тајмс, како и најдискутираните книги на Гугл, просечната должина на книгите (на англиски) од 320 страници во 1999 се зголемила на 400 страници во 2015. Што така?
Пред некое време известивме за маратонско читање на сите 18.225 стихови од „Илијадата" со 66 актери во Лондон. Сега Русите го возвраќаат книжевниот удар.
Млеко, масло, вода, во таблети - кокосот го има каде и да се свртиш, и сите те убедуваат дека тој е добар за здравјето. Еден човек во својата опседнатост со овој плод отишол малку подалеку, цели 17 години јадејќи само кокосови ореви. Неговата судбина е опишана во роман, кој оваа година беше преведен на англиски.
Тролањето на претседателските кандидати во САД, традиционално креативно, добива нови димензии со ликот и делото на Трамп. Најново - книга песни составени од негови интервјуа, говори и твитови.
Редовните читатели ја знаат нашата неуморност во следењето на оваа награда, која од 1993 се доделува на најлош опис на коитус во проза. Описите имаат нешто заедничко - не се убави, ама затоа пак се многу упорни во својата намера.
Едниот музичар, другиот математичар со докторат од економија и поранешен министер. Двајцата со радикални идеи во нивните области, пријатели кои од време на време одат заедно на концерти. Нивен неодамнешен двочасовен разговор за сè и сешто - од кучиња-скитници, природата на верата, нападите во Париз и, најважното, нивниот активистички оптимизам.
Aко следната година нашите книжарници се инспирираат од оваа иницијатива, нека не се мачат со батлер и вино, сосема е доволна и по една жолта, цивилизирано сервирана во бокалче. Мезето се подразбира.
Овој месец се одбележуваат сто - земски - години од Ајнштајновата општа теорија на релативност. Таа, како и делото на Ајнштајн воопшто, извршила огромно влијание не само врз научната мисла, туку и врз уметноста.
По неговата смрт во 2011 излезе само една збирка есеи под симболичен наслов „Смртност", за која детално пишувавме тука. Пред неколку дена излезе и втората, којашто е веројатно последна асална, пред да почне да „се гребе дното од казанот" - стандардна процедура за заработка од починати славни автори