Во нов филм на Нетфликс, „Чудото“ (The Wonder), англиска болничарка пристигнува во село во Ирска за да помине две недели со 11-годишно девојче кое тврди дека живее само на „мана од небесата“ и нема јадено четири месеци. Ваквите случаи во 19 биле чести, на восхит на јавноста и загриженост на медицинската фела.
Во 1950-тите најпопуларни методи за „лечење“ на психијатриски заболувања биле фронталната лоботомија и електро-шоковите. Но еден американски психијатар промовирал психотерапевтски пристап дури и кај најтешките случаи на параноидна шизофренија. Станал најпознат по третманот на тројца пациенти од иста болница, сите со различна биографија, но идентично уверување - дека се Исус.
Новиот филм на мексиканскиот режисер со Бредли Купер, Кејт Бланшет и Руни Мара црпи од два извора: крими роман од 1946 и првиот филм снимен според неа од 1947. Вистинските кошмари на авторот на книгата се убедливо преточени во „ноар“ приказна, која во реалниот живот завршила подеднакво мистериозно.
Тоа можело да биде последното ремек-дело на славниот комичар, кој на стари години замислил бајковит филм во кој би глумела неговата ќерка. Деновиве излезе книга посветена на ова незавршено дело, под наслов „Чудовиштето" (The Freak).
Минатата година, со книга на Маргарет Атвуд, започна проект во кој познати автори треба да напишат сто книги кои ќе им бидат објавени дури по сто години. Сега сличен потез прават и двајца филмаџии. „100 години" на Малкович и Родригез ќе биде ставен во временски програмиран сеф, која - здрави-живи - ќе биде отворен на 18 ноември 2115.
Оние кои со нетрпение очекуваа филм за писателот кого во некролозите по неговото самоубиство го нарекуваа „виртуоз", „граматички гение" и „манично љубопитен" ќе останат разочарани. Оние неоптoварените од ликот и делото на Валас во овој филм (можеби) ќе видат слаба варијанта на приказната за Салиери и Моцарт. Ние сме од првите.
На овогодинешниот Кански фестивал, кој ќе се одржи од 13-24 мај, премиерно ќе се прикаже анимиран долгометражен филм направен според „Малиот принц" на Егзипери. Режисер - Марк Озборн, истиот од Кунг-фу панда.