„Помеѓу надеж и страв“ е веројатно најдобриот наслов за книга која се однесува на вакцините. Нејзиниот автор се осврнува на историјата на анти-ваксерското движење, истовремено истражувајќи ја и историјата на човечкиот имунитет.
Нова книга посветена на феноменот на човечкото пливање ја трасира неговата историја од првите цивилизации, дo денешната популарност како спорт и уживање.
Европските „антиквари“ од 17 век од комерцијални причини внесувале елементи на фантазија во реконструкциите на древниот свет, создавајќи паралелна, измислена „древност“. Нова книга ги анализира нивните археолошки визии, кои содржат важни податоци за моралните, политичките и верските проблеми на тоа време.
„Честа е поскапа од парата“. „Поарно е да имаш име чесно отколку многу сребро, „Честа чест носи“. Овие македонски поговорки не сме ги чуле одамна, веројатно затоа што е тешко да се „продадат“ како релевантни за новото време. Но што е тоа точно „чест“? Нова книга се обидува да го објасни овој феномен.
За разлика од минерализираните структури на коски и школки, човечките гласови не можат да фосилизираат. Како резултат на тоа можеме само да замислиме како звучело „Старо купуем!“ на улиците на Скопје пред еден век.
Во 1790 Франција создала национален механички телеграфски систем. Во 1834 двајца измамници по име Франсоа и Жозеф Блан го извршиле првиот „сајбератак“ врз него, манипулирајќи ги податоците кои минувале низ системот за на тој начин нелегално да заработат на берзата.
Знаеме за црн, зелен и бел чај, направен од листовите на Камелиа синенсис. Па за црвен, од африканска грмушка. Па за ерба мате, од Јужна Америка. Но до сега немавме чуено за касина - црниот пијалок на домородните американски Индијанци. Неговата историја и употреба сега се актуелизира.
Сандер Л. Гилман е американски историчар, со над 90 објавени книги. Една од темите кои го интересираат се поврзаноста на медицината со историјата, како и со политичките и општествените случувања. Неговата нова книга се однесува на значењето на исправеното одење во западната историја.
Глобално, индустријата на „диетални“ производи се соочува со маркетиншка криза. Она што продава денес се производи означени како „здрави“, а не како „диетални“. Што е разликата во сфаќањето на овие два термина?
Kнигата која во Србија се појави во мај оваа година, и веќе доживува петто издание, се опишува како прва биографија на историскиот лик на Марко Мрњавчевиќ. Но со оглед на тоа што Крале Марко не е само српски, туку и епски лик во фолклорот на сите Јужни Словени, тешко е да се објасни зошто требаше толку време за да се појави една ваква книга.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Од почетоците на земјоделството до современото производство на пиво, оваа книга чие објавување се планира за октомври, покрива цели 9000 години историја на пијалокот на којшто се насладуваме додека ги пишуваме овие редови (добро де, радлерче).
Грижењето, или по нашки секирањето, е необична активност за „жанровско" одредување. За оние кои често го прават тоа, работата е сериозна. Но ниту еден психијатар нема да ви каже дека сте патолошки случај само затоа што се грижите, освен ако тоа не преминува во параноја.
Teкстов повеќе звучи како нешто што би било соодветно да се објави на „денот на заљубените". Ама за бакнување не ви треба посебен повод, само субјект со кого би си ги допирале усните или триеле носевите, што можеби не е баш бакнеж, но според антрополозите е подеднакво важно „бакнувачко однесување".
Нова книга под наслов „Искубано: историјата на отстранување влакна" од Ребека Херциг испитува еден необичен феномен - и покрај тоа што повеќето од цицачите на планетата поседуваат обилно крзно, само човекот минува низ триста маки за да го отстрани. Зошто?
Колку пати сте слушнале дека некој „сака да чита", или сте изјавиле дека сте „љубител на добрата книга"? Нашата врска со книгите често личи на љубовна приказна, која вклучува занесеност, интимност, опсесивност. Но односот кон книгите и читањето не бил отсекогаш таков.