Клубот во кој дојде исплашен со насолзени очи, а го напушти како најдобар фудбалер на светот засекогаш ќе биде дел од Кристијано Роналдо. Учел од ветераните Сколс и Бат, а Фердинанд го спасил да не јаде ќотек од Ван Нистелрој зашто не му подавал пред гол.
Малку е познато дека мајката на Кристијано сакала да абортира со него, но лекарот одбил да го стори тоа и на 5. февруари ’85-та се родил Кристијано Роналдо кој уште на 16 години заработувал и го издржувал семејството.
Доколку сакате да ги одморите очите од компјутер или ве мрзи на пат да носите лап топ, анегдотите и пикантериите во спортот раскажани од најдобрите, може да ги најдете во книга. Еве мал дел од тоа што е добро за читање.
Како мал Крис Смолинг редовно одел со мајка му на Хајбери да го гледа идолот Тони Адамс, а неговиот сега покоен татко мечтаел син му да заигра на Олд Трафорд.
Поранешниот тренер на Јунатед вели дека во еден момент сакал да го ангажира Марио Балотели но сфатил колкав ризик е, а капак на сè било кога Мино Раиола стапил на сцена на првиот состанок.
Ферги заработил 5,5 милиони евра за 12 месеци откако се повлече од Јунајтед и од фудбалот. Заработува од издавачките куќи, од улогата амбасадор на Манчестер и од јавните настапи по светот.