Ајн Ранд родена во Санкт Петербург, мажена и умира во Њујорк, е еден од водечките американски гласови за идејата дека во општеството има "создавачи" (во смисла богаташи) и "зимачи" (во смисла сиромашни и социјални случаи), a "зимачите" се паразити кои само им стојат на патот на морално-супериорните иноватори, зборови што ни самиот Трамп, ниту па неговите колеги, не би можеле подобро да ги смислат.
Професорот кој наспроти целиот анкетарски естаблишмент уште во најубавите месеци за Хилари (септември, октомври) непоколебливо тврдеше дека Трамп ќе победи на избори, има и продолжение на својата прогноза, според кое - републиканците ќе го соборат новиот Претседател.
„Уметноста на договорот", објавена во 1987, која помина 51 недела на бестселер листата на Њујорк Тајмс, направи Американците во Трамп да гледаат шармер со неверојатно чувство за бизнис. Ко-авторот, а всушност вистински автор на книгата, Тони Шварц, сега вели дека со неа ставил „кармин на свиња".
Од една страна, мимикрирањето на политичка сатира во форма на детски сликовници е симпатично, можеби на долги стази и поучно. Од друга страна, мора ли и децата да ги заморуваме со истите ликови со кои сме опседнати ние?
Републиканскиот кандидат го повика Обама да поднесе оставка, притоа давајќи ја веројатно својата најзбунувачка клевета до сега - дека претседателот можеби некако е има врска со пукањето во геј барот во Орландо.
Ноам Чомски го нарече „посмртно ѕвоно за човечкиот вид". Стивен Кинг и уште 450 американски писатели потпишаа петиција против неговата кандидатура. Нo има и такви писатели кои велат дека, за арно или за лошо, тој до сега не направил ништо што е против принципите на демократијата.
Во разговор со новинарите околу својот став за имиграцијата, Папата Франциско објасни дека секој (Трамп) што каде и да било (на американско-мексиканската граница) сака да гради ѕидови наместо мостови не е христијанин. А како Трамп да пропушти ваква шанса за кавга.
Режисерот и уметник од Лондон, Гај Ларсен, во сликовница која и не е баш за деца, тврди дека виновник за проблемите со трамповата зла личност и исто такво дело лежи во неговиот заштитен знак - мистериозната коса.
Тролањето на претседателските кандидати во САД, традиционално креативно, добива нови димензии со ликот и делото на Трамп. Најново - книга песни составени од негови интервјуа, говори и твитови.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја