Мат Таиби го сподели воведниот говор од дебатата на која ќе учествува, од иста страна со авторот на „Војната на Западот“ Даглас Мареј а против Малком Гладвел од Њујоркер и Мишел Голдберг од Њујорк Тајмс. Расправаат околу тоа дали главните медиумски куќи во САД заслужуваат доверба.
Виктор Бут е поранешен советски офицер и еден од најлегендарните светски трговци со оружје, кој моментално одлежува 25 години казна затвор во САД. Сега Си-ен-ен објавува дека САД е подготвен да го трампа Бут за двајца нивни што лежат затвор во Русија.
Сијукс Фолс е најголемиот град во Јужна Дакота. А во него има зграда која некогаш била судница, каде се слевале незадоволни сопружници во потрага по едноставен крај на своите бракови. Новинарите од 19 век го нарекувале местото „колонија на разводи“.
Човекот чиј однос стана патоказ за Западното однесување кон Кина во јули 1971 престојуваше во резиденција на кинеската влада, каде дискутираше филозофија со кинескиот премиер Џоу Енлај. Од тогаш Западот нема престанато да и се извинува на Кина.
Христијанска религиска заедница со потекло од Велика Британија, била позната по тоа што доживувала епизоди на „тресење“ по целото тело од верски занес во текот на проповедите. Пристигнале во САД во 1774, и не биле пречекани со ентузијазам. Една од причините било нивното отфрлање на бракот и телесните задоволства воопшто.
Кога Американците добиваат информација дека Коштуница го одобрил упадот на американската амбасада во Белград, тие решаваат дека ќе го казнат и тоа уште на следните избори. За целиот план имаат рок од 5 месеци.