Президент ги израдува своите потрошувачи за Велигден

Потрошувачите постојано бараат иновации и интеракција, но некои брендови суверено го држат своето место со години благодарение на квалитетот, но и на лојалноста на своите купувачи.

По повод Велигденските празници, а во склад со своите вредности, Президент иницираше акција за дарување на мали, велигденски пакети за своите потрошувачи. Имено, овие денови многу семејства на прагот од својот дом добија прекрасно спакувана книга со рецепти и кулинарски идеи, кутија со јајца и Президент бои за јајца.

„Сакавме да се заблагодариме на нашите потрошувачи за нивната доверба и синергија во минатото, но и во оваа вондерна состојба. Се обидовме да ги дистрибуираме овие подароци до што поголем број семејства и да им кажеме едноставно благодарам за тоа што се наши купувачи“ - изјави преставник од Президент.

Хигиената и чистотата во целиот процес на производство и дистрибуција на производите на Президент е на завидно ниво, а во оваа ситуација е направен дополнителен чекор со почитување на сите препорачани мерки, но и бесконтактната достава пред домовите на потрошувачите, бидејќи најважно од сè во овие мигови е да се заштитиме и да се чуваме едни со други.

„Чувството на одговорност кон локалната заедница во поширока смисла е патоказ за работењето на тимот на Президент. Преку спонзорства и донации Президент се обидува да ги промовира вредностите што ги споделува со своето работење и во таа смисла оваа иницијатива е само мал дел од таа заложба“ - додаваат од Президент.

(Комерцијален текст)

21 април 2020 - 10:22