писма на читатели

Штипска рехабилитација

Еве и јас сакам да дадам мал придонес кон поткрепување на изјавите на министерот за здравство дека работата е тргната забрзано напред.

Приморан да одам на рехабилитација во физикалната терапија во Штип - Бања Кежовица (со која стопанисува Клиничка Болница ШТИП) се ужаснав од сликите каде веројатно може да се снима секој пострашен хорор филм. Чуствував граѓанска должност да ги споделам со сите здрави луѓе кои никогаш не го виделе овој хорор.
Претходно да те информирам дека таму одат претежно луѓе на постоперативно закрепнување. Значи таму се луѓе со рани, сркшеници, луѓе кои потешко се движат и секое движење за нив е нов предизвик.

Да ти објаснам која што е. Прво просториите каде најмногу се движат лекарите и медицинскиот персонал. Тука се вршат прегледите.


Чекална за пациентите на различни третмани во самата установа:


Некакви обиди за едукација на пациентите преку вакви табли на кој верувам дека е можно да има мутирано и нови видови на вируси.


Драг Трендо, ова е влезна врата за во тушеви. Се користи топлата и лековита вода (која според многу истражувања е една од најрадиоактивните на Балканот). Не собрав храброст да влезам во таа врата.


Човек како прима терапија со интерферентни струи мислам.


Влезна врата за во базен, каде луѓето главно се капат полуголи нормално. Сиот овој простор го минуваат полуголи.


Чекална во „ординација"


Еден од апаратите за раздвижување на мускулатирата со струја речиси целосно кородиран, а стои на некаква си имрповизирана маса со кесе наместо чарашавче.


Соблекувални. Да, во функција се. (се извинувам за лошиот квалитет на фотките овде, но нема светло. Нема осветлување во овие простории) Таму луѓето се соблекуваат голи (замислете го процесот на соблекување на човек со скршена нога или опериран колк, се потпира каде најде) и одат под туш или во када или во базен - зависно што му има препишано лекар.

За крај да ти кажам уште еден интересен феномен. Водата во Бања Кежовица достигнува и 62 степени целзиусови, а целиот објект е без греење. Во зима е исклучително студено и вистинска авантура е да се преживее процесот кој треба да биде рехабилитација од трауматични повреди и операции, а во топлите денови е ужасна смрдеа. Има мирис на мувла, р'ѓа, мокрача и изгниено дрво.

Инаку има и соби за преспивање кои се во исто така катастрофална состојба, но јас не успеав да ги сликам.

16 декември 2014 - 13:27