Писма на читатели

Центар не е Псача

Од декември молам како идиот, после 2 месеци од финиширање на Орце Николов (некаде е готова и повеќе од пола година) конечно да ја исчистат за да не одиме како по градилиште, насекаде е кал и прашина. Другарот Нико "ме извести" дека е чисто и дека претерувам, ама еве, ако сум инсистирал да му докажам - да сум му испрател слики.

Здраво Трендо,

Најпрво, да се извинам што гњавам со глупости, ама изгубив живци од нераднициве во општина Центар. На над 10 адреси имам испратено од декември 2021, за на крај конечно да ми се обрати извесен Нико, "комесар" за ништо, веројатно од администрацијава. Молам како идиот после 2 месеци од финиширање на Орце Николов (некаде е готова и повеќе од пола година) конечно да ја исчистат за да не одиме како по градилиште, насекаде е кал и прашина.

Другаров Нико "ме извести" дека е чисто и дека претерувам, ама еве ако сум инсистирал да му докажам - да сум му испрател слики. Направив 30тина, џабе... "Ризла" било, не било смет. 

Се "заканив" на крај со тужакање по медиуми, не ми ни вратија...

Глупо ми е што го правам ова, ама мислам дека на друг начин нема да ги допре. А и не ми се оди по кал и прашина веќе, ипак не е ова Псача (со должно поштовање према местото).

Поздрав,
Горан

21 февруари 2022 - 11:59