„Примитивниот“ се врати

Извесен Џон Плант од Австралија пред 6 години го објавува своето прво видео на Јутјуб како прави колиба (со огниште) со голи раце и без никаков готов алат на располагање, само со тоа што ќе го најде пред себе во дивината, најпримитивно што може. Од тогаш Плант стана најпознатиот примитивец на Јутјуб.

Денес човекот има над 10 милиони следбеници, видеата му се прегледани повеќе од 1 милијарда пати, и по пауза од две години конечно објави ново видео. Во сите овие 6 години и над 50 видеа Плант нема прозборено збор, а главно сè што има да каже го пренесува преку титлови.

Концептот не му е променет од старт. Секој проект го прави само со материјалите што му се достапни во природата околу него (сето ова се случува во „далечен северен Квинсленд“) единствено се репризираат некои алатки кои претходно ги направил на видео (чекан, секира, садови за вода, топилница за руда, итн.).

Од нула, значи од нула. Ни едно, единствено парче модерен алат. Ни ноже, ни кибритче, ништо. Што има во природата, тоа.

„Примитивна технологија е хоби во кое создаваш работи целосно од нула без никакви модерни алатки или материјали.

Ова се строгите правила:

- Ако сакаш за запалиш оган, тоа ќе го направиш со стап за палење.

- Ако сакаш секира ќе земеш камен и ќе го оформиш.

- Колиба, ќе направиш од гранки, кал и камења.

Предизвикот е да видиш колку далеку можеш да стигнеш беа да користиш модерна технологија,“ објаснува Плант.

- Од каде ги знае сите овие работи да ги прави?

Од читање книги, интернет, плус пробување и грешење.

Без разлика на каналот, човекот живее регуларно во цивилизација, и не е ниту домородец, ниту има армиска обука, ама го интересира градење, создавање алатки и слично, само од природни материјали.

Ова му е првото видео:

 

Ова му е најновото:

 

Ова му е најгледаното (85 милиони прегледи):


Плант има и негов блог, тука.

Видеата му се поделени и по категории:
- Пиротехнологија
- Плетење
- Оружје
- Засолниште
- Храна
- Алат

4 март 2022 - 16:08