Како се регрутираат тинејџери за перење пари?

Тинејџери на Инстаграм и Снапчат без проблем оставаат свои лични и банкарски податоци во пораки на непознати луѓе во замена за процент од парите што ќе минат преку нивни банкарски сметки.

Аранжманот е следен:

- Ти, со цел памет, на некого што си го нашол или те нашол социјални мрежи, а не го знаеш ни минута, му оставаш лични податоци (адреса, телефон...) и банкарски податоци.

- Тој на твоја сметка ти префрла пари, ти кажува кога да ги извадиш и да му ги однесеш. За возврат добиваш половина од парите или колку и да сте се договориле.

„Абе денес сите сакаат да бидат ѕвезди, сите сакаат да бидат следниот модел на Инстаграм, а за тоа ти требаат само пари,“ објаснува еден од регрутерите на „мазги за пари“.

Сето ова почнува со порака од тебе до нив, или обратно. Алгоритмите на социјалните мрежи сами помагаат да се најдат двете страни.

Тоа што го прават и регрутерите и мазгите не е ништо ново, перат пари стекнати преку криминал, ново е што сега за тоа почнуваат да се користат социјални мрежи и прилично млади деца.

Опасноста за регрутерите е дека некоја од нивните мазги ќе биде фатен или ќе проба да избега. Најмалата опасност за „мазгите“ е дека нема да го добијат својот дел од парите, посериозните се дека ќе бидат фатени и ќе завршат во затвор (до 14 години), дека трајно ќе им биде нарушен банкарскиот рејтинг, дека ќе лежат наместо друг, дека банкарските информации ќе им бидат злоупотребени, дека ако банката ти ги зароби парите тогаш ти им ја должиш истата сума на криминалците...

Запрашан еден од регрутерите од каде ти се парите, одговара „од работите што ги работам“.

 

26 октомври 2021 - 16:32