Како да престанеш со влечкање и одложување

„Ако човек пишува по две страници неделно, за две години ќе напише книга. И не е дека тој човек работи многу напорно, туку дека има способност кога ќе обврзе на нешто, дека секоја недела наутро ќе пишува по две страни, да го почитува делот од себе си што ја донел таа одлука, ’јас решив и ќе го направам тоа’.

Човекот што ги одложува обврските нема да ги заврши тие две страници. Тој ќе ги има двете страници на списокот работи што треба да ги заврши и нема да ги заврши.

Тоа не значи дека тој е нешто помалку талентиран од писателот што ги завршил двете страни, не значи дека нешто помалку го посакува тоа, можеби и повеќе го сака, и не значи дека нема да биде подеднакво среќен ако го завршел.

Единствената разлика е дека внатрешниот механизам во неговиот мозок не го прави тоа што го прави мозокот на другиот. Ја нема почитта за делот од себе што го дал тоа ветување, чувствува дека тоа е некој што може да го запостави,“ му објаснува Тим Урбан на Лекс Фридман.

И според Урбан, ова одложување не е само за обврски или работа, туку се однесува и на твојата одлука да смениш работно место што постојано го одложуваш, да отвориш фирма или да отпуштиш некого во таа фирма, или да се разведеш или да почнеш да вежбаш и да слабееш, или да запишеш некој курс што го сакаш или важно ќе ти го смени животот.

Друга работа што ја кажува Урбан е дека има решение за ова, ама тој уште целосно не го нашол за да може да го сподели. За сега најмногу постигнал со тоа што негова вработена работи во иста канцеларија со него и го гледа дали работи или ден губи.

Еден од повпечатливите заклучоци на Урбан е дека никој не го прави одложувањето свесно и намерно, туку едноставно „цело време има нешто друго што да се прави“.

 

Урбан има и ТЕД говор на темава, под наслов „Во умот на мајстор влечко“:

18 февруари 2022 - 14:47