Гачки

„Изумителот“ што заслужено заврши во затвор

Стив Комисар е човекот што измисли, или барем така тврдеше, сушара за алишта што работи на соларна енергија. Комисар по некое време заврши во затвор, и тоа не заради некоја завера  на светска индустрија за бела техника против него, туку затоа што вистински така заслужи.

Комисар во своите млади денови решава да се накачи на тогашниот тренд на енергетски ефикасни сушари за алишта, па почнува со рекламирање и продажба преку списанија на неговата „соларна сушара за алишта“.

Цената на производот е 49,95 долари, а го продава како: „Научно докажана сушара за алишта од вселенско доба“.

Во рекламите за производот, главно објавувани во Нешнл енквајарер тој дава гаранција дека „сушарата“ ќе работи најмалку пет години доколку добива доволно сончева светлина. Дополнително тој објаснува дека производот не користи какви било батерии или струја, а за сите купувачи во овие 50 долари им била вклучена и бесплатна испорака.

Бидејќи се до тука е легално, ајде сега да ја видите „соларната сушара за алишта“ на Комисар:
 

Не толку заради продавањето јаже за простирање алишта како „соларна сушара“ колку заради други измами Комисар четири пати лежи затвор. Последен пат излегува од затвор во 2018, и од тогаш не е вратен.

10 ноември 2021 - 16:54