Што велат уметниците за „гратис-културата“?

Како Македонци, многу добро знаете што е гратис-култура. Подраго ви е уметникот да ве части нешто гратис, отколку да го поддржите со купување карта, книга, албум, слика, фотографија или слично. Вие би да ве частат.

Џеси Џонс, визуелен уметник, која ја претставуваше Ирска на Биеналето во Венеција во 2017, на манифестацијата „Плаќање на уметникот“, зборуваше за иницијативата „ #paytheartist“ - кампања за подобрување на условите за живот и работа на уметниците, со обезбедување на фер и заслужена плата.

„Зборуваме како уметниците ‘многу се занесуваат со цени’. Со романтики зборуваме за уметноста, а уметниците мораат да работат во сиромаштија.“

Емет Кирван, актер, сценрист и драматург вели, „Уметноста не може да преживее во бесплатно-неолиберална економија. Затоа треба да добие субвенција од државата. За уметници не важат истите правила како за хотели, пабови и туризам. Од нас се очекува да работиме бесплатно.“

А до скоро се фаќавме за врат по социјални мрежи околу распределбата на буџетот со кој Министерството за култура ги помага уметниците во државата. И многумина од нив изјавија дека парите што им се доделени не стигнуваат.

Сепак, во Ирска има претседател на Уметнички совет кој прифаќа дека ова е нешто за кое што треба да се разговара. Вели, „знаеме дека уметниците имаат ризични кариери, лоши услови за работи и живот и дека природата на уметноста и уметничкиот сектор ги става во слаба позиција за преговарање - и спремни сме да го дискутираме ова.“

Иницијативата е за да се запре прифаќањето на „работење за беспари“ или понуди за работа без таа да биде платена како што треба, затоа што на некој начин ќе ја унапреди кариерата на уметникот.

Во превод, „не се плаќа, ама добро ти е за во портфолио“ треба да стане срамота.

Исто како што треба да стане срамота да не му плаќаш на уметникот ни за тоа што ти треба приватно.

Или да му бараш гратис карта за концерт.

Или да те части книга.

Или ЦД.

Или „ај нацртај ми, што те кошта“.

Или „ти се разбираш во фејсбук-мејсбук тоа, ај направи ми“.

Или, „ќе туриш едно банерче на сајт, шо.“

Итн, итн…

Срамота е.

#paytheartist.

6 март 2020 - 00:07