Рајан Гослинг знае дека не сте си играле со Кен

И не престанува да кажува мрачни работи за една од највеселите кукли што постојат.

Кај Џими Фалон во емисија, Гослинг на пример, кажа дека не верува дека некому му било гајле за Кен или неговите битки.

„Некои беа потресени за Кен, како некогаш да поиграле со него пред филмов,“ рече тој. „Не си играле со Кен!“

Понатаму, го опиша како еден обичен моден додаток на Барби, можеби на трето место после куќата и колата.

„Нема пари, нема работа, нема кола, нема куќа. Тешко му е.“

Раскажа и дека внатрешниот бес на Кен му бил од клучна важност да ја прифати улогата. Кога го добил сценариото од Гервиг, отишол во двор за да размисли.

„Најдобро сценарио што сум го прочитал,“ рече. „И знаеш каде го најдов Кен, Џими? Со лицето во кал, до еден згмечен лимон.“

И направил фотографија, ѝ ја пратил на Гервиг и ѝ пишал:

„Ќе ти бидам Кен, затоа што оваа приказна мора да се раскаже.“

И така, сега имаме Кен во вид на Рајан Гослинг, и маркетинг што инсистира да го гледаме филмот, како да немавме доволно желба до сега.

 

5 август 2022 - 00:01