Постои ли Саманта Џонс?

Кендис Бушнел навистина е Кери Бредшо - писателката опседната со чевли е нејзино алтер-его во оригиналната „Сексот и градот“ колумна што ја пишувала во Њујорк Обзервер во ’90-те. И да, имала и реална „Саманта“.

Деновиве, нејзиниот живот е нешто поинаков од нејзините 20-ти и 30-ти поминати во шлаење низ Њујорк Сити, но некои работи сè уште се провлекуваат.

Има 63 години и живее во Хемптонс, иако „срцето ѝ останува во Њујорк“ каде што сè уште пишува. Истовремено и глуми - има претстава на Бродвеј „Има ли уште секс во градот?“ и сè уште се разбира во дејтинг.

За серијата вели дека, иако има дел од нејзиното ДНК, сепак е креација на Мајкл Патрик Кинг.

Публиката во еден момент се сврте кон нејзе за еден од најконтроверзните заплети во новата серија „И едноставно така…“ - исчезнувањето на секс-позитивната ПР-експертка Саманта Џонс, кога Ким Катрал избра да не се замара со враќање.

Сепак, фино е кога ќе се дознае дека, без разлика на настаните во серијата, Бушнел сè уште ја има својата Саманта во животот.

„Да, уште ја имам мојата Саманта,“ вели таа. „И таа е човек со кој се дружам многу долго време. Тогаш, во ’80-те кога пишував претходник на ‘Сексот и градот’, ги интервјуирав сите мои другарки за нивните искуства. И имав ‘Саманта’-другарка. Таа беше еден вид експерт за мажи и состаноци.“

Бушнел е сега сингл, треба да ѝ излезе нова книга „Има ли уште секс во градот?“ и се труди да излегува. Смета дека Тиндер кубури со квалитет.

7 март 2022 - 00:00