Неочекуваните барања на Пол Макартни за време на турнеја

Сака да собира коли и скапи имоти, ама освен тоа, прилично е штедлив.

Кариерата на Пол Макартни му има донесено 1,2 милијарди долари, но за разлика од колегите, не збеснува од трошење. Не троши ни на турнеи, ама инструкциите против конвенционалните луксузи му се сепак несекојдневни.

Согласност за анти-суровост

На турнеите на Макартни е забрането месо и други животински продукти во неговата гардероба. Сѐ што е таму, вклучувајќи го и мебелот не смее да биде направено од животинска кожа. Не смее ни вештачки верзии. Нема кожни седишта во лимузината - Макартни е вегетаријанец. Истовремено е и сериозен активист против суровост кон животните и ова почнало кога ја купил фармата Хај Парк во Шкотска во ’60-те. Виделе јагниња како си играат во поле со неговата поранешна жена Линда и се почувствувале виновно за печеното јагнешко што го имале на маса. Тогаш одлучиле да престанат да јадат месо.

Гардеробата да се претвори во внатрешна природа

Пол сака и растенија и има посебни барања за растенијата во гардеробата на турнеи. Сака 6 пораснати растенија со листови во саксии ама да нема дрвја. Документот за концерти вели и: „Сакаме растенија што се полни на дното исто како и на врвот, како палма, бамбус, лилии и така натаму. Без стебла!“

Овде веќе станува малку шашаво. Бизнис Инсајдер известува дека музичарот има одредено и дозволена цена за цветните аранжмани што ги праќаат кај него:

50 долари - еден голем аранжман од бели Казабланка лилии со многу листови.

40 долари - еден аранжман со бледо розеви и бели ружи со долги стебла и многу листови.

35 долари - еден аранжман со фрезија. Ја има во различни бои, па ве молиме измешајте ги. Фрезија е фаворит.

Можеби ви се чини претерано, но цвеќињата се стандарден подарок од организаторите на концертот, симболични за топло добредојде, восхит и почит. Без цветни аранжмани, ризикуваш да го навредиш изведувачот и гостите.

Од непознати причини, Макартни преферира и одредени ламби - треба да се халогени подни ламби со копче за нивоа на светлина. На координаторите им кажуваат и да бидат сигурни дека има хемиско чистење на локација.

Значи не бара човекот многу, само бара специфично.

Како на пример 240-те пешкири што треба да го чекаат пред канцеларијата.

6 октомври 2021 - 11:27