- Да, ја знаеме како Елевен од Stranger Things, и како актерка од други големи филмови. Ама, Мили живее на фарма со над 60 животни и тоа не само за сликање - активно ги чува, ги вакцинира, ги спасува, ги разнесува, ги проверува и живее со нив.
- Во ташна носи скенер за микрочипови, па ако најде животно без чип, го прибира веднаш и преку нејзината организација Joey's Friends, именувана по едно од нејзините кучиња, им наоѓа семејства.
- Сега и студира ветеринарна медицина и ѝ останува уште да присуствува на операции за конечно да се оспособи професионално.
- Максел извади нов Вокмен за да не дремат тажно сите касети што сме ги собирале низ децениите. Новото е што се полни на УСБ-Ц и освен 3,5 милиметарски влез за слушалки, има и блутут конекција.
- Со полна батерија работи 11 саати, а за да се наполни му требаат 2. Веќе се продава и чини околу 80 долари.
- Вокмен бе!
- Росана Аркет која се појави во Pulp Fiction, изјави дека е „гадно“ што Тарантино во сценариото користи навредлив збор за црнци.
- Кај Тарантино ова не поминува: „Драга Росана, се надевам дека публицитетот што го добиваш од 132 различни медиуми што ти го пишуваат името и ти ја печатат сликата вреди за ова непочитување кон мене и филмот во кој се сеќавам дека беше пресреќна што учествуваш?“
- Аркет ја играше Џоди, жената на Ленс (Ерик Столц). А, Тарантино продолжува: „Дали сега се чувствуваш вака? Можно е. Откако ти дадов работа, да ги земеш парите, па сега да го плукаш филмот од, ми се чини, многу цинични причини, покажува дека немаш ни достоинство, ни чест.“